Брза и лесна капучино торта

Готова за 30 минути, изедена за помалку :)

Брза и лесна капучино торта

Потребни состојки:
  • 500 – 550 г бисквити со путер
  • 50 г капучино во прав
  • 250 мл млеко
  • 3 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 500 мл слатка павлака
Начин на подготовка:

1. Изматете ги убаво јајцата и шеќерот. Потоа почнете постепено да ја додавате слатката павлака и постојано мешајте со миксер додека не добиете цврст фил.

2. Капучиното прелијте го со млекото, кое претходно ќе го загреете.

3. Секоја бисквита, намокрете ја во капучиното и почнете да ги редите на плех. Кога ќе направите еден ред, премачкајте одозгора со филот, па потоа повторно направете нов ред од бисквити. Продолжете додека не го потрошите целиот материјал.

4. На крај со остатокот од филот намачкајте ја целата торта, а декорирајте по ваш вкус, со свежи јагоди, шлаг или стопено чоколадо.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар