9 тајни на оние кои успеваат да се натераат да вежбаат рано наутро

9 тајни на оние кои успеваат да се натераат да вежбаат рано наутро

Сигурно знаете дека вежбањето рано наутро е убав начин да се почне денот, сакате да го практикувате тоа, но никако не можете да се натерате да станете во 6 часот за да одите да трчате, да возите велосипед или да правите некакви вежби дома. Фитнес тренерот Адам Росанте вели дека може да успеете во тоа доколку си направите систем на ритуали и награди. Ќе си развиете свои утрински ритуали, ќе се држите до нив, ќе се наградувате самите себеси, па на крајот ќе завршите како еден од оние луѓе кои стануваат рано наутро за да вежбаат. Доколку не знаете какви ритуали можат да ви помогнат, Росанте ги препорачува следните девет, па вам ви останува само да ги примените.

9 тајни на оние успеваат да се натераат да вежбаат рано наутро

1. Подгответе се уште од вечерта

Подгответе ја облеката што ќе ја носите, закуската, шишето со вода, ранец ако ви треба и што било друго уште од вечерта пред да вежбате. Така ќе бидете спремни за излегување само десетина минути по станувањето.

2. Наместете го алармот да ѕвони повеќе пати

Еднаш во 5:40, па во 5:45, и на крај во 5:50 часот, и сигурно ќе станете по толку додевање од страна на алармот. Наместете и уште еден за во 6 часот, за секој случај. Пожелно е алармот да биде некој ужасен тон кој нема да ви дозволи пак да заспиете.

3. Напијте се вода штом станете

За време на спиењето почнувате да дехидрирате. Не може да биде поинаку во ситуација во која 6-8 часа не пиете ништо. Напијте се вода веднаш штом станете од кревет, а уште подобро ќе биде ако во водата ставите и малку исцеден лимон. Ќе се почувствувате освежено и поенергично.

4. Каснете нешто штом станете

Многу фитнес тренери каснуваат нешто веднаш штом станат. Тоа најчесто е некакво овошје, како јаболко, банана или портокал, затоа што тие се богати со шеќери кои можат лесно да се претворат во енергија. Така си обезбедуваат брз старт на денот.

9 тајни на оние успеваат да се натераат да вежбаат рано наутро

5. Слушајте музика која ви дава енергија

Вие најдобро си знаете каква музика ве размрдува, развеселува и ви дава енергија. Пуштете си ја таа музика наутро додека се спремате за вежбање за да ве расони уште малку и да ви даде желба за мрдање.

6. Пијте кафе

Ако не можете да се расоните без кафе, не се мислете и напијте се едно. Не само што ќе ви помогне побргу да се разбудите, туку кофеинот ќе ви даде и малку повеќе енергија за вежбање.

7. Имајте и втор појадок

Сте каснале нешто набрзина пред да одите да вежбате, но кога ќе се вратите дома пак ќе бидете гладни и тоа е моментот кога треба да го имате вистинскиот појадок. Се препорачува оброк со повеќе протеини, но најважно од сè е пак да јадете и да не мислите дека сте каснале нешто пред вежбање, па сега мора да чекате да дојде ручекот.

8. Легнувајте си рано

Добриот сон е неопходен за да имате енергија кога ќе станете наутро да вежбате, но исто така е од клучна важност при слабеењето, ако тоа ви е мотивот за вежбање. Пресметајте си кога треба да одите во кревет за да се разбудите наспани и држете се до таа рутина.

9. Започнете ги утрата со позитивни мисли

Едноставно, натерајте се да мислите на нешто позитивно. Помислете на нешто за што сте благодарни или кое ве мотивира да станете и да продолжите кон патеката за трчање или велосипедот. Или мислете на тоа како од смирена состојба, односно сон, ќе прејдете во состојба на енергични движења и така ќе се помирите со тоа и ќе се мотивирате.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар