9 инспиративни сеќавања кои секогаш треба да ги чувате во себе

Постојат сеќавања кои едноставно имаат моќ да нè исполнат со живот и енергија. Тие нè потсетуваат на позитивни чувства и нè водат низ животот. Овие сеќавања не ни дозволуваат да се откажеме и кога ни е најтешко, секогаш се тука да нè инспирираат. Токму затоа треба да ги чувате покрај себе и да се обидете никогаш да не ги заборавите.

9 инспиративни сеќавања кои треба да ги чувате покрај себе

1. Времето поминато со вашите баби и дедовци

Не само што можете многу да научите од вашите баби и дедовци, туку исто така и времето поминато со нив е бесценето. Тие се едни од малкуте луѓе на оваа планета кои ве сакаат безусловно и кои ќе направат сè што е во нивната моќ за да ве насмеат. Баба ви можеби малку ќе ве здебели, но тоа е ризик кој вреди да се прифати! Поминувајте што е можно повеќе време со нив и собирајте спомени, бидејќи токму тоа што ќе го научите од нив може понатаму да ве води во вистинската насока во животот.

2. Вашиот прв бакнеж

Се сеќавате на првиот бакнеж, кога не знаевте точно што правите, но некако работите сепак излегоа совршено? Првиот бакнеж е еден голем чекор во вашиот живот, па токму затоа никогаш не треба да го заборавите. Тој нè враќа во едно безгрижно време, кога сме биле вистински слободни и токму затоа тоа помнење секогаш ќе мами насмевка на нашето лице.

3. Првата љубов

И покрај тоа што можеби спомените од првата љубов ви се малку болни, сепак доколку се навратите на самиот процес на заљубување ќе се потсетите исклучиво на позитивни чувства. Не го туркајте ова помнење на страна, бидејќи тоа ви покажува дека вие сте способни вистински и целосно да љубите и дека доколку се осмелите да го отворите вашето срце, можете повторно да доживеете вистинска љубов.

4. Фамилијарните приказни

Сите ние имаме по некоја фамилијарна приказна која се пренесува со генерации. Токму овие приказни се оние покрај кои и вашите деца ќе растат, но и понатаму ќе продолжат да ги прераскажуваат. Чувајте ги овие спомени, бидејќи тие вредат богатство.

5. Летните одмори со вашите родители

Што се однесува до летните одмори со вашите родители, тие исто така треба да имаат посебен дел во вашето срце. Кога ќе поминувате низ тежок период навратете се на нив и дозволете ѝ на енергијата со која тие ве исполнуваат да ве понесе дури и низ најголемите проблеми.

6. Моментот кога сте почнале за прв пат сами да се издржувате

Се сеќавате на моментот кога се иселивте од домот на вашите родители? Вие истовремено чувствувавте и тага и среќа. Но, токму одлуката да почнете да се грижите сами за себе ве направила посилни, па и покрај тоа што родителите се секогаш тука за вас, вие научивте колку е добро да се биде независен, како и целосно одговорен за себе.

7. Вашата свадба

Ова е еден од оние денови кои силно се врежуваат во вашите мисли. Дури и да имало некои непријатни ситуации, со тек на време вашиот мозок ќе ги изолира само позитивните настани и секогаш кога ќе се навратите на тој ден ќе чувствувате топлина во вашето срце. Потсетувањето дека токму тогаш сте одлучиле да го посветите својот живот на личноста која ја сакате е моќно сеќавање кое може да ви помогне многу побрзо да ги надминувате несогласувањата со вашиот партнер.

8. Бременоста и првиот момент кога сте го погледнале вашето бебе

Можеби во моментов не ви изгледа така, но бременоста е нешто што би сакале да го запомните. Самото чувство дека во вас расте мало човече е неверојатно. Тоа е чувство што треба да го држите длабоко во вас и подоцна да се обидете да го пренесете на вашите деца. Од друга страна пак, нема мајка на оваа планета која ќе ви каже дека постои поголема среќа од моментот кога за прв пат го видела своето новороденче. Тоа е моментот кога животот на жената целосно се менува и кога таа конечно започнува вистински да живее.

9. Фамилијарните традиции

Никогаш не ги заборавајте вашите фамилијарни традиции. Тие биле градени со години наназад и со нивното почитување ги почитувате и оние кои повеќе не се меѓу живите. Одржувајте ги овие традиции и пренесете ги на вашите деца. Некои работи никогаш не би требало да се заборават.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар