12 чекори за да натерате некого да се отвори пред вас

Некои луѓе едноставно не можат да се отворат пред други луѓе и искрено да зборуваат за своите чувства. Тие очекуваат настапување на одредени лоши последици доколку почнат да зборуваат за она што им лежи на душа, па затоа одлучуваат да ги премолчат овие нешта, иако до некаде се свесни дека незборувањето ќе им донесе повеќе штета отколку корист.

(1) 12-chekori-za-da-naterate-nekogo-da-se-otvori-pred-vas-www.kafepauza.mk

Ако имате некој таков близок, знаете колку е тешко да ги натерате да се отворат. Знаете дека ќе им биде подобро ако некако ги натерате да зборуваат и сакате да го сторите тоа за нивно добро. Но, тие честопати знаат да покажат лутина кога настојувате да зборувате со нив и со тоа уште повеќе може да ги оддалечите од себе.

Не е лесно да се справите со нивниот став и поради тоа можеби ќе добиете некоја лоша реакција од нив која може ве демотивира да им помагате и да ве натера да кренете раце од нив. Тоа може да биде болно искуство за вас, но повторно, ако ја сакате таа личност треба да бидете упорни и да не се откажувате, туку да го смените пристапот. За да го постигнете тоа, следете ги дванаесетте чекори кои ги предлагаат брачните советници Линда и Чарли Блум. Тие имаат искуство со вакви случаи во нивните кариери и ги решаваат применувајќи ги овие совети.

1. Договорете се да дискутирате за проблемот. Не мора веднаш да започнете со разговор, туку само постигнете согласност некогаш да поразговарате за тоа.

2. Искажете ги јасно своите намери поради кои сакате да разговарате за тој проблем. Тоа што ќе кажете зависи од конкретниот проблем кој постои. На пример, можете да им кажете дека сметате дека после разговорот ќе се чувствувате поблиски, дека сакате да направите да им биде полесно, итн.

3. Бидете проактивни. Останете приземни и отворени. Слушајте го внимателно секој тешко искажан збор кој сте успеале да го извлечете.

4. Преземете одговорност. Доколку личноста ве обвини за нешто кое ја мачи, преземете ја одговорноста за своите постапки. Немојте веднаш да се браните и да обвинувате, затоа што така ќе влезете во круг на обвинувања од кој тешко се излегува.

5. Без оглед на поранешните неуспеси, секогаш имајте предвид дека можете да ги избегнете воспоставените шеми на комуникација и однесување. Ако ги откриете при разговорот, задржете го оптимизмот.

6. Зборувајте на начин со кој ќе покажете доверба, почит, безбедност и отвореност.

7. Направете сè што можете за да одолеете на искушението да ја браните својата позиција. Пробајте да разберете пред да барате да бидете разбрани. Ќе дојде време и за тоа.

8. Запомнете дека чувството на фрустрација и нестрпливост може да се појави и тогаш кога веќе се наѕира разврската на проблемот.

9. Бидете трпеливи. Ваквите ситуации обично не се разрешуваат само со еден разговор. Потребно е време.

10. Препознајте го напредокот додека разговарате и покажете дека го цените тој напредок.

11. Не грижете се за намерите на вашиот соговорник, туку гледајте да ги исполните вашите намери кои ги кажавте на почетокот на разговорот.

12. На крај, заблагодарете се за разговорот и отвореноста и покажете подготвеност и друг пат вака да зборувате.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар