7 интересни начини на кои можете да го користите чајот

Доколку сте љубители на чај, тогаш дефинитивно би требало да ги погледнете овие алтернативни употреби. Започнувајќи од лек за уморни очи и справување со белите влакна во косата, па сè до освежувач на просторијата, чајот на многу начини природно може да ви помогне во вашето секојдневие.

7 интересни начини на кои можете да го користите чајот

1. Лек за уморни очи

„Ноќните птици“ многу често се будат со темни кругови околу нивните очи и внесуваат поголемо количество кофеин во текот на денот со цел да не заспијат. Доколку и вие имате вакви денови, наместо да се предозирате со кафе, потопете 2 кесички со чај во топла вода и поставете ги врз вашите очи на околу 20 минути. Најпрепорачливо е да се користи црн чај бидејќи кофеинот кој го содржи ја затегнува кожата околу очите. Но, можете да го користите кој било чај.

2. Лек против белите влакна во косата

Оние кои имаат темна коса и почнуваат да забележуваат бели влакна кои сè уште не се подготвени да ги прифатат, можат да ја вратат нивната оригинална боја со помош на чајот. Ставете 3 кесички чај во 230 милилитри зовриена вода и додајте 1 супена лажица рузмарин и жалфија (свежи или суви) и потоа оставете ги цела ноќ да стојат. Наредниот ден, прво измијте ја вашата коса со обичен шампон, а потоа нанесете ја оваа течност врз неа и измасирајте ја вашата глава. Внимавајте да не направите дамки врз вашата облека. Замотајте ја косата во пешкир и не ја плакнете. Потребни се неколку третмани за да ги постигнете посакуваните резултати.

3. Создадете „античка“ мода

Направете вашата облека да изгледа винтиџ, така што ќе ја обоите со црн чај. Во еден сад со 500 милилитри зовриена вода додајте 3 кесички црн чај и мешајте 20-тина минути. Дозволете му на чајот да се олади неколку минути пред да го потопите материјалот. Колку подолго ја потопувате вашата облека, толку потемна нијанса ќе добиете.

4. Бања исполнета со антиоксиданси

Веќе е добро познато дека чајот е полн со многу антиоксиданси. Токму затоа додајте една лажица хербален чај во вашата бања или пак поставете неколку кесички со чај на тушот и пуштете ја водата да тече низ нив. Доколку сакате да се опуштите, чајот од камилица е одличен избор.

5. Освежувач на песокот за мачки

Еден од природните начини на кои можете да ја елиминирате миризбата што ја оставаат мачките кога вршат нужда е доколку ставите една лажица сув зелен чај во нивниот песок. Лисјата од чајот многу брзо ја освежуваат кутијата и го задушуваат лошиот мирис.

6. Природен освежувач за просторија

Понекогаш освежувачите кои можете да ги најдете во маркетите имаат интензивна миризба која повеќе пречи отколку што помага. Токму затоа билките и цветовите кои се наоѓаат во чајот можат да бидат одлична замена за нив. Состојките на секоја искористена кесичка чај можат да бидат исушени и потоа собрани на едно место во улога на освежувач на воздухот.

7. Прекрасен сапун

Има многу начини на кои можете да направите домашен и природен сапун, но доколку сакате да го направите со природна миризба, тогаш користете лисја од чај. Тие се одличен додаток за секој домашно подготвен сапун и не само што ќе направат тој да мириса подобро туку и ќе биде поефикасен при одржување на вашата лична хигиена.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар