5-те фази на љубовта: Многумина остануваат заглавени во третата

Кога ќе дојде до раскинување на врската, најчестото објаснување е „Не бевме еден за друг“. Сигурно познавате некој совршен пар кој кога раскинал сте се зачудиле како е можно вистинската љубов постепено сосема да исчезне. Можеби и самите сте го доживеале тоа. Па, зошто исчезнува љубовта? Според едно неодамнешно истражување, поголемиот дел од луѓето ја наоѓаат љубовта на нивниот живот. Но, проблемот е во тоа што не можат да издржат заедно да ги поминат сите 5 фази на љубовта. Во најголемиот број случаи стигнуваат само до третата. Во продолжение прочитајте за што станува збор…

5-те фази на љубовта: Многумина остануваат заглавени во третата

Прва фаза: Заљубување

Заљубувањето е фаза кога лебдите на облак од хормони на среќа. Во овој период, вашиот партнер веднаш станува совршената личност за вас без никакви маани и недостатоци. Цврсто верувате дека тој или таа ќе можат да ја исполнат секоја ваша желба и верувате на сѐ што ќе ви кажат. Во овој момент вие навистина имате верба во моќта на вистинската љубов, но оние скептични гласови веројатно ќе ве сопрат и ќе ве натераат да размислувате малку повнимателно.

Втора фаза: Почеток на официјална врска

Во оваа фаза љубовта станува посилна и полека почнувате да го поминувате речиси секој ден заедно. Подобро се запознавате и вашето присуство почнува да влијае на сите аспекти од животот на партнерот. Ова е период на заедништво и среќа и може да трае неколку месеци, па дури и години. Се чувствувате заштитено и сакано. Верувате дека дефинитивно сте ја нашле вашата друга половина и дека сте судени еден за друг.

Трета фаза: Соочување со вистината

Во оваа фаза добивате впечаток дека вашите чувства можно е да исчезнат и никогаш повеќе да не се вратат. Однесувањето на партнерот е предвидливо и ве нервира на сто и еден начин. Почнувате да мислите дека ви треба пауза и си велите дека тој или таа можеби сепак не се вистинската личност за вас. Не гледате поента во тоа да се измачувате и двајцата во врска осудена на пропаст.

5-те фази на љубовта: Многумина остануваат заглавени во третата

Четврта фаза: Раѓање на вистинска и вечна љубов

Доколку навистина се обидете да ја сочувате врската и покрај сите ваши сомнежи, можеби ќе успеете да ја поминете третата фаза и да стигнете до следната. Вашиот ум ќе биде ослободен од оние илузии што сте ги имале за партнерот во раните фази. Партнерот со кој сте во врска нема да биде личноста од вашите фантазии, туку ќе го гледате како вистински човек. Вие ќе ги прифатите и што е уште поважно, ќе ги разберете неговите недостатоци. Ова е периодот кога ќе ја обновите врската и ќе можете да преминете на последната фаза.

Петта фаза: Со заеднички сили ќе можете да го промените светот

Откако ќе научите да ги надминете сите ваши несогласувања и ќе успеете да остварите силна и трајна поврзаност, ќе дојдете до ослободувачки заклучок: Вие двајца ја имате моќта за да внесете промена во светот. Не сте заедно само колку да не го поминете животот сами, туку живеете во заедништво за поголема цел. Можеби ќе работите заедно, ќе творите заедно, не е важно. Најважно е дека ќе создавате нешто ново заедно. Само кога ќе можете да функционирате како целина откако сте ги поминале сите претходни фази, ќе можете со сигурност да кажете дека сте ја пронашле вистинската личност за вас.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар