5 работи што треба да ги правите секое утро за да останете здрави

5 работи што треба да ги правите секое утро за да останете здрави

Начинот на кој ќе го започнете денот може да има големо влијание врз вашето расположение и енергија. Затоа, многу е важно да си поставите здрава утринска рутина. Откако грижата за себе во утринските часови ќе ја ставите да ви биде приоритет, набргу ќе ги почувствувате подобрувањата кај себе. Погледнете што би требало да практикувате секое утро со цел да останете здрави и силни.

5 работи што треба да ги правите секое утро за да останете здрави

1. Плакнете ја устата со масло

Плакнењето на внатрешноста на устата со масло нуди многу орални здравствени придобивки. Всушност, доколку во текот на ноќта крцкате со забите, овој трик може да ви помогне да си ја ублажите болката во вилицата. Освен тоа, оваа навика ќе ве принуди да станете порано, а и делува како хемиско бесплатно миење на устата. Потребно е само да сипете една лажица масло (кокосово, сончогледово или од сусам) во вашата уста и да го задржите од 10 до 20 минути. Потоа плукнете го и вашиот ден може да започне.

2. Протегнете се

Ова можете да го направите и додека ја плакнете устата. Искористете го ова време за да се релаксирате, малку да медитирате и да го подготвите телото за претстојниот ден. Ако имате време, излезете на утринска прошетка или пак, направете неколку вежби за растегнување во вашиот дом.

3. Пијте вода со лимон

Една чаша вода со лимон има многу здравствени придобивки: Ја подобрува хидратацијата, витаминот Ц ви помага да добиете блескава кожа, го поттикнува метаболизмот и расположението.

5 работи што треба да ги правите секое утро за да останете здрави

4. Грижете се за вашата кожа

Некогаш не треба да ја заборавите негата на кожата. Чистете ја на начинот кој веќе знаете дека ви одговара, а не заборавајте неколку пати во неделата да користите и маски за лице што ќе направат таа да биде блескава. Внесете ја оваа навика во секојдневието, па ќе се изненадите колку вашата кожа може да биде прекрасна.

5. Пијте витамини

Витамините се основа на здравјето. Земете Б12 за енергија, омега 3 за подобрување на расположението и здравјето на мускулите и витамин Е за косата, кожата и ноктите.

Овие утрински навики може да влијаат на енергијата во текот на денот, а и на целокупното ваше здравје. Па, вреди да станете од кревет неколку минути порано!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар