5 причини зошто разговорот со непознати личности ќе го направи вашиот живот возбудлив

Поради очигледните безбедносни причини, како мали нè учеле да не зборуваме со непознати личности. Но, постоењето на овој страв и откако ќе пораснете, може да доведе до одредени ограничувања на вашиот социјален живот. Доколку не разговарате со странци, како очекувате да запознаете нови луѓе? Како планирате да го проширите вашиот круг на пријатели?

5 причини зошто разговорот со непознати личности ќе го направи вашиот живот возбудлив

Одговорот на ова прашање никако не смее да биде Фејсбук! Нашата генерација одлично покажа дека и не е толку тешко да се запознавате со луѓе онлајн. Но, работите се многу поразлични доколку тоа го направите на традиционалниот начин, лице в лице. Токму затоа погледнете што можете да добиете доколку почнете да разговарате со непознати личности…

1. Странците можат да станат нови пријатели

Новите пријатели се најочигледната мотивација за разговарање со странци. Доколку одлучите да бидете опкружени само со луѓето кои ги познавате, тогаш нема шанси да создадете нови врски, кои потоа можат да се развијат во пријателство. Можеби сте задоволни со пријателите кои веќе ги имате, но зошто да немате повеќе од нив?

Сите пријатели започнуваат како странци, па доколку сте нашле вредност во нив тогаш зошто би се лишеле од можноста да го видите овој потенцијал и во други луѓе? Сè што е потребно за да започнете со разговор е едноставен комплимент како на пример, „Ми се допаѓа тој фустан! Од каде го купи?“ или пак, „Тоа мириса прекрасно. Што порача?“

2. Странците можат да водат до нови пријателства

Се разбира дека не би се здружиле со сите личности кои ги среќавате, но никогаш не знаете во која насока би можел да ве одведе разговорот. Едноставното запознавање со странец ве води во една сосема нова мрежа исполнета со нови луѓе.

Можеби ќе се најдете на забава каде што никаде не можете да ја најдете пријателката која ве поканила, па зошто да не ја искористите оваа можност да се претставите на нова група луѓе? Од каде знаете што би можело да се случи следно? Можеби тие ќе ве поканат на идни настани каде што ќе ги запознаете најдобрите луѓе кои некогаш сте ги виделе. Можеби дури ќе го запознаете и вашиот иден партнер. Кој знае?

3. Странците можат да ја променат вашата перспектива

Вие можеби никогаш повеќе нема да ги видите овие луѓе на кои сте им пристапиле на железничката станица или пак, во маркетот, но тоа не значи дека интеракцијата со нив е безначајна.

Луѓето кои не се дел од нашиот живот имаат уникатна способност да ни покажат една сосема нова перспектива на светот, да нè променат со само неколку зборови или барем да нè натераат да се замислиме за одредени теми. Странците можат да ве инспирираат да пишувате, да ви дадат нови совети за среќа, како и да ве научат како да им пристапувате на луѓето.

4. Странците можат да овозможат забавна спонтана вечер

Има шанси вашиот обид за запознавање да не резултира со нови пријатели, но тоа не значи дека не можете да си поминете забавно во текот на вечерта. Новостите се секогаш возбудливи, а токму тоа може да ја направи вашата вечер уникатна и необична.

Колку пати ви се случило додека сте на одмор да се забавувате со луѓе на кои сте им ги заборавиле имињата? Имате прекрасни сеќавања со нив, се согласувате? Тоа не може да се случи доколку постојано сте затворени помеѓу четири ѕида, опкружени со вашиот круг на добро познати пријатели.

5. Странците можат да бидат или ништо или сè во вашиот живот. Ваш избор е дали ќе откриете!

Разговорот со странците е исполнет со несигурност. Вие не можете да знаете како луѓето ќе реагираат на вас и вашите размислувања. Не знаете дали ќе ве прифатат топло или пак, нема да можат да ве разберат. Но, дури и доколку се пријателски настроени не можете да знаете дали има место за нив во вашиот живот.

Токму затоа сè додека не го скршите мразот со едно мало „здраво“ нема да можете да откриете дали некоја посебна личност се крие во толпата непознати. Па, ајде што чекате? Истражувајте!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар