3 летни фризури кои инстантно ќе ве подмладат

Најпопуларната фризура за време на топлите летни денови е коњското опавче. Иако тоа е навистина привлечна фризура, не е единствениот начин на кој можете да направите вашата коса да не ви смета. Па, ако сте расположени за промена и сте подготвени да излезете од удобната зона за вашата фризура, тогаш погледнете ги следниве 3 предлози…

(1) 3 летни фризури кои инстантно ќе ве подмладат

Ако сакате промени и верувате во тоа дека косата постојано расте, па токму затоа и не треба да жали, тогаш обидете се со фризурата на Тејлор Свифт. Откако ќе ја скратите косата вие ќе почувствувате огромно олеснување, додека истовремено ќе бидете и шик. Кратката коса со шишки е апсолутен хит оваа сезона. Исто така, кратката коса ќе направи и да изгледате помладо.

(2) 3 летни фризури кои инстантно ќе ве подмладат

Доколку не сакате да се откажете од вашите долги прамени, тогаш „скратете“ ги со помош на плетенка, како што прави Џенифер Лопез. Измијте ја вашата коса, оставете ја малку да се исуши и додека е уште влажна направете си плетенка. Доколку сакате големи бранови, доволна е една, но ако сакате поситни направете неколку, во зависност од густината на вашата коса. Следното утро отпуштете ја плетенката, подигнете ги шишките нагоре и уживајте во тренди фризура со локни исто како да сте на плажа.

(3) 3 летни фризури кои инстантно ќе ве подмладат

За малку поелегантна фризура за време на летото, совршен избор е косата со средна должина. Доколку сакате да изгледате неколку години помлади доволно е само малку да подигнете еден прамен на страна, исто како Џенифер и подготвени сте да сјаете, дури и на црвениот тепих!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар