12 знаци кои покажуваат дека животот во моментов ви е во полн ек

Сите сме во суштина сочинети од енергија, a нашите вибрации претставуваат движење на нашата енергија низ просторот. Нашите вибрации се важни бидејќи влијаат на начинот на кој го живееме нашиот живот.

12-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-zhivotot-vo-momentov-vi-e-vo-poln-ek-kafepauza.mk

Според законот на привлекувањето, ние ги креираме своите животи врз основа на нашите вибрации. Најпросто кажано, кога поседуваме високи вибрации, ние создаваме повеќе од она што го сакаме во животот. Кога нашата енергија е на ниско ниво, ние создаваме повеќе работи кои не ги сакаме.

Важно е да се напомене дека вибрациите со текот на времето се менуваат и дека нема ништо лошо во тоа некој да има ниски вибрации, бидејќи и тие се вредни. Ниските вибрации ни даваат сигнал дека нашите размислувања и нашето однесување не ни помагаат да стигнеме таму каде што сакаме да бидеме, а тие сигнали можат да бидат исклучително корисни ако за нив сме свесни.

Секако дека е корисно да знаеме и кога поседуваме високи вибрации со цел да можеме што подолго да уживаме во тие моменти.

Ова се 12 знаци на високи вибрации. Дали ги забележувате во последно време?

1. Едвај чекате да се разбудите и да го започнете денот

Кога функционираме на високи вибрации, сè во животот ни делува возбудливо. Ако едвај чекате да скокнете од кревет и да го започнете новиот ден, сигурно сте на висока вибрациона фреквенција.

2. Се чувствувате здраво

Нашите тела се физички манифестации на нашите вибрации. Висококвалитетната енергија е поврзана со високофункционално тело, што ги намалува, па дури и ги елиминира повредите и болестите.

3. Се чувствувате силно

Кога нашата енергија е на високо ниво, се чувствуваме како да можеме да поместиме планина. Дури и најголемите проблеми тогаш изгледаат решливи, а најголемите предизвици остварливи.

4. Можете да комуницирате јасно и ефективно

Кога нашите вибрации брзо се искачуваат, нашите зборови патуваат лесно и со мал напор. Тогаш можеме да комуницираме со другите на јасен начин, бес лапсуси и грешки.

5. Финансиски сте стабилни

Со добрата енергија доаѓа и изобилството во нашиот живот. Кога ни се високи вибрациите, имаме поголеми шанси да добиеме некаква награда и пари.

6. Имате пријатни односи со другите луѓе

Сè е полесно на високи вибрации, дури и нашите односи се поубави. Во таквите моменти ги третираме другите луѓе со љубезност и почитување, дури и ако вообичаено сме воздржани кон нив.

7. Сè ви оди како подмачкано

Високите вибрации ве одржуваат во оптимална состојба и продуктивност. Се чувствувате совршено урамнотежено, непреоптоварено, ниту здодевно. Често се чувствувате како да сте „во елемент“.

8. Времето брзо ви проаѓа

Кога сè тече како подмачкано, времето брзо минува. Како што велат старите, времето лета кога се забавуваме, а кога се забавуваме, тоа значи дека сме на високи вибрации. Многу луѓе забележуваат дека времето брзо им поминува како што стареат. Некои веруваат дека тоа е заради тоа што се зголемува енергијата на целата планета.

9. Изразувате љубезност и љубов без причина

Луѓето со високи вибрации просто емитуваат љубов кон својата околина. Тие природно шират насмевки, прегратки и љубезност без воздржување.

10. Имате интуитивни моменти

Кога сме во состојба на висока енергија, ние ги примаме информациите кои доаѓаат преку границите на нашите 5 сетила. На пример, можеме изненадно да добиеме визија или одговор на некое прашање за иднината. Високите вибрации се поврзани со повисоки нивоа на знаење и разбирање.

11. Се чувствувате среќни и полни со елан

Ваквите емоции укажуваат на тоа дека создавате позитивна енергија. Тие исто така се едни од најочигледните обележја на високи вибрации.

12. Се трудите да изгледате најдобро

Нашата енергија влијае на нашиот изглед и на тоа колку се грижиме за себе. Кога се чувствуваме добро, нашата кожа повеќе сјае, нашата коса е посјајна и избираме поубава облека.

Ако покажувате знаци на високи вибрации, секоја чест. Продолжете да го правите тоа што го правите бидејќи се движите во вистинската насока.

Сепак, ако вашите вибрации не се доволно високи како што би сакале, не грижете се! Сетете се дека вашата енергија постојано ги менува вибрациите и дека свесно можете да го промените правецот во кој сакате да се движите.

Исто така мора да запомните дека ниските вибрации секогаш се резултат на негативно размислување. Запрашајте се заради што имате негативни мисли и обидете се да се ослободите. Однесувајте се како вашите вибрации да се веќе на високо ниво: ширете љубов, пронајдете рамнотежа во сè што правите и постојано имајте природна широка насмевка на лицето.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар