10-те најдобро облечени спортисти во светот

10-те најдобро облечени спортисти во светот

Денес, повеќе од кога било, спортот и стилот одат рака под рака. Иако спортот е она во кое се најдобри, овие професионалци инспирираат и надвор од теренот. Голем дел од спортистите на оваа листа постигнале врвни резултати на спортско поле, но исто така се во центарот на вниманието и кога не се наоѓаат во спортската арена.

1. Кем Њутон, американски фудбал

Квотербекот на Каролина Пантерс, Кем Њутон, стана синоним за добро облечен маж кој изградил свој сопствен стил. Најчесто го гледаме во квалитетни и совршено скроени одела кои ги комбинира со изразени и необични детали. Розовите и тиркизните џемпери, шарените кравати, чевлите од најпознатите брендови и различните модели на очила го направија моден гуру кои исто така може да се пофали и дека е еден од ретките спортисти кој бил на насловните страни на магазините GQ и Men’s Health.

2. Шон Вајт, сноубординг

За многумина овој сноубордер и скејтбордер ќе претставува изненадување на оваа листа, но тој изврши огромно влијание врз животниот стил на културата „X-Game“. Широките пантолони, качкетите и високите патики ги замени со лежерни палта, спортски кошули, морнарски капути и секако маици со занимливи натписи. Својата љубов кон модата ја заокружи со креирање сопствена модна линија за деца.

3. Стив Неш, кошарка

Поранешниот НБА играч, Стив Неш, во 2000-та година внесе свежа „крв“ во модниот стил, кој најдобро може да се окарактеризира како урбана елеганција. Тој призна дека Енди Ворхол бил негова инспирација, па облеката во неговиот орман секогаш била внимателно одбирана. Најчесто може да го видиме во тесни, искинати фармерки и маички со неговите омилени бендови и јунаци од малите екрани, но и во лежерни одела со тесни кравати.

4. Том Брејди, американски фудбал

Брејди е спортист со најмногу насловни страни во модните магазини. Тој без дилема е икона на американскиот стил и претставува симбол за самоуверен маж. Тоа што негова сопруга е познатата супермоделка Жизел Бундшен е само уште еден знак дека модата игра голема улога во неговиот живот. Тој е заштитно лице за голем број брендови, а остварил соработка и со големи модни дизајнери.

5. Раул Меирелеш, фудбал

Португалскиот фудбалер Раул Меирелеш е непресушна инспирација за модните експерти и блогери. Тој негува рок стил и имиџ на лошо момче. Неговото тело е прекриено со тетоважи кои со гордост ги покажува и често носи тексас елеци или длабоко откопчани кошули.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар