10-те најдобро облечени спортисти во светот - Part 2

10-те најдобро облечени спортисти во светот

6. Леброн Џејмс, кошарка

Отако челниците на НБА лигата во 2005 година воведоа дрес код на облекување за играчите и тренерите, незадоволни од гето изгледот за кои сметаа дека испраќа лоша порака за младите, начинот на облекување на кошаркарите засекогаш се промени. Пристигнувањето на играчите на натпреварите се претвори во модна писта за најновите трендови, а секако тука се најмногу истакнува Леброн Џејмс. Познат е по своите очила, оделата со екстравагантни ревери и џемпери со геометриски облици. Често може да го видиме во елегантни изданија, но сака да комбинира одела со луксузни патики и необични детали. Тој е еден од тројцата мажи кои се појавиле на насловната страна на прочуениот магазин Вог.

7. Двејн Вејд, кошарка

Вејд секогаш изгледа совршено, како штотуку да слегол од модна писта. Тој посветува големо внимание на својот изглед, а неговиот стил е во духот на ноќниот живот во Мајами. Оделата од лесни материјали, гангстерските шешири и пантолоните со кратки ногавици, заедно со луксузните часовници, го прават еден од најдобро облечените НБА кошаркари и тоа по изборот на неговите колеги. Се прослави со пишување модни колумни, а неговиот профил на Инстаграм стана моден блог.

8. Дејвид Бекам, фудбал

Иако се повлече од активното играње фудбал, неговото влијание врз модата е сè уште огромно. Благодарение на Дејвид Бекам, дизајнот на спортската опрема доби нова димензија. Тешко е да се набројат сите брендови кои досега ги рекламирал, а во последно време најактуелна е соработката со модниот бренд H&M. Неговите годишни приходи од реклами изнесуваат повеќе од 20 милиони долари. Тој признава дека на неговиот моден стил најмногу влијаела неговата сопруга Викторија.

9. Хенрик Лундквист, хокеј

Одличниот шведски хокеарски голман е познат по својата фризура, прекрасните одела и цврстиот, но елегантен Бонд изглед. На њујоршката модна сцена внесе европска елеганција, а поради својот изглед, големите брендови како D&G и Ралф Лорен инсистирале тој да биде нивното заштитно лице. Неодамна доби и своја линија на парфеми. Минималистичкиот мачо стил и џентлменското однесување го направија еден од најпосакуваните мажи во светот.

10. Виктор Круз, американски фудбал

Скоро на сите избори за најдобро облечени спортисти Виктор Круз ја зазема водечката позиција. Одлично ја познава модата, па има голема самодоверба да носи различни модни стилови. Тој стана дел од модниот свет, па покрај тоа што го гледаме на НФЛ терените, редовно можеме да го сретнеме и на разни модни настани. Одлично комбинира различни парчиња облека, толку добро што мажите ширум светот постојано го копираат. Совршено скроените одела, тесните капути, џемперите од кашмир и лакираните чевли го дефинираат играчот на Њујорк Џајнтс како маж со стил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар