Астрологијата открива што не смеете да му кажете на секој хороскопски знак

Астрологијата открива што не смеете да му кажете на секој хороскопски знак

Проблемот со зборовите е тоа што не можете да ги вратите назад откако ќе ги кажете. Токму поради ова треба да внимавате кога разговарате со некого. Постојат одредени фрази и изјави кои хороскопските знаци не можат да ги поднесат. Па, за да избегнете непријатни ситуации, погледнете кои се фразите што не треба да им ги кажувате на хороскопските знаци.

Астрологијата открива што не смеете да му кажете на секој хороскопски знак

Овен: „Чекај“

Луѓето со овој знак се немирни и анксиозни, па не сакаат да чекаат. Токму затоа и никогаш не им кажувајте дека ќе им се јавите подоцна, бидејќи постојано ќе мислат на тоа, а може да го повредите и нивното его.

Бик: „Те гледам“

Биковите мразат кога некој ги проучува нивните постапки. Не можат да ги поднесат луѓето кои се нарциси. Уште полошо е ако го зголемите притисокот и им кажете дека не се доволно добри. По природа уживаат во храната, па немојте да покажувате непочитување кон неа пред нив.

Близнаци: „Биди потивок“

Луѓето со овој знак се експресивни, па изјавите од овој тип навистина ги повредуваат и ги прават гневни. Исто така немојте да ги прашувате зошто се тивки или зошто не се насмевнат. Тие се прибрани луѓе и ништо не прават случајно, па престанете да ги испрашувате.

Рак: „Дозволи ми да зборувам прв“

Раковите мразат кога ќе ги прекинете или кога ќе го одложите нивниот говор. Ова го сметаат како знак на непочитување. Исто така не сакаат промени во нивниот распоред, па обидете се да не одложувате нешто ако сте се договориле за време.

Лав: „Тој изгледа подобро во ова“

Лавовите се премногу свесни и загрижени за својот изглед. Па, немојте да им кажувате дека нивната облека му стои подобро на некој друг или дека нешто не им одговара. Ова ќе ги натера да ве мразат.

Девица: „Не ме интересира што мислиш“

Девиците се навистина скромни, но мразат непочитување. Ако им кажете дека нивното мислење не е важно или дека не ви е грижа што мислат, навистина ќе ги повредите.

Вага: „Одлучи побрзо“

Сите знаат дека Вагите не сакаат да брзаат и дека не сакаат да одбираат страна. Фразите од овој вид им предизвикуваат притисок, а тие не сакаат да се наоѓаат во таква ситуација. Уште едно нешто што Вагите не го сакаат е да им кажете да го намалат звукот на нивната музика. Тие се забавни луѓе, па не сакаат кога некој им ја уништува забавата.

Скорпија: „Краен рок“

Овие луѓе се навистина чувствителни. Мразат да бидат заменети, без разлика дали станува збор за пријател или за партнер. Исто така тие се алергични на ултиматуми. Ова им создава непотребен притисок и во таква ситуација не можат да го дадат најдоброто од себе.

Стрелец: „Мојот живот е многу тежок“

Стрелците се големи оптимисти. Токму поради ова тие не сакаат да слушаат негативни работи. Овие луѓе не сакаат да зборуваат за нивните проблеми, туку се обидуваат да најдат решение. Тие се многу активни, па не ги сакаат луѓето кои само седат дома и не прават ништо.

Јарец: „Зошто секогаш го правиш тоа?“

Припадниците на овој знак мразат да бидат судени. Премногу лично ги сфаќаат фразите од овој тип. Исто така мразат да позајмуваат и да даваат пари на заем бидејќи сметаат дека тоа може да им ја уништи врската со некого.

Водолија: „Тоа е глупава идеја“

Водолиите може да бидат навистина повредени или гневни ако некој не ја почитува нивната идеја. Ова ги прави да се чувствуваат некомпетентно и глупаво. Па, подобро размислете пред да кажете нешто кога ќе слушнете идеја од Водолија. Исто така, тие не сакаат кога некој го средува нивниот неред. Сакаат сами да си ја завршат работата бидејќи тоа прави да се чувствуваат како да имаат контрола над нивниот живот.

Риби: „Слушнав дека зборуваат за тебе“

Рибите не сакаат да бидат дел од озборувања бидејќи тоа не им предизвикува никакво задоволство. Исто така, не сакаат кога другите зборуваат лошо за нив бидејќи им е важно туѓото мислење. Постојат некои луѓе кои се мотивираат од лошите работи кои ги слушаат за себе, но Рибите не спаѓаат овде. Навистина ќе бидат повредени ако им кажете дека не можат да завршат некоја работа.

Дознајте и кои се најголемите маки и маани на секој хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар