Големо его или висока самодоверба? 7 знаци дека тој се сака себеси, а не вас

Сите ние имаме его. Но, кога тоа ќе се остави одврзано, може да ја уништи вашата врска со помош на лутина, страв и љубомора. Ослободете се од оној маж кој е роб на своето его и најдете личност кој вистински се сака себеси. Мажот кој не се сака себеси никогаш нема да биде способен да ве сака ни вас.

Големо его или висока самодоверба? 7 знаци дека тој се сака себеси, а не вас

Постои тенка линија помеѓу егото и самодовербата. Најпрво, егото може да изгледа како самодоверба, па токму затоа и може да бидете привлечени од оваа личност. Но, како што подобро го запознавате, така сè повеќе ќе откривате дека станува збор за негативна карактеристика која има моќ да ви ја уништи врската.

Па, која е разликата помеѓу егото и високата самодоверба? Мажите со големо его најчесто се многу несигурни во себе и се обидуваат да ги скријат тие несигурности со претерана компензација. На кратко, на овие момци им недостасува самодоверба и љубов кон себе. Па, дали сте во врска со маж или со неговото его? Внимавајте на следниве 7 знаци:

1. Тој зборува само за себе

Често кога сакате да споделите нешто со него, тој го врти разговорот кон себе. И покрај тоа што сте почнале да разговарате за вашите потешкотии, некаде по пат сте се префрлиле на неговите и сте заборавиле на тоа што вие сте го зборувале. Дали тој ги „краде“ сите теми за разговор?

2. Тој најпрво се заштитува самиот себеси

Неговото его сака да се заштити себеси пред што било друго, дури и ако тоа значи да ве повреди вас. Токму затоа и често бега на првиот знак за конфликт и собира докази за да ги оправда сите свои дела, најчесто на ваша сметка.

3. Тој не го прифаќа вашиот совет

Не дај Боже да бидете во право, а тој да греши. Тој нема шанси да го прифати вашиот совет бидејќи се плаши дека би можело нешто неверојатно да се случи од него и потоа да не може да ја земе заслугата за постигнатото. Неговото его не би можело тоа да го издржи.

4. Тој се споредува себеси и вашата врска со другите

Неговото его го анализира однесувањето на сите околу него, барајќи надворешни докази за вашата љубов. Наместо да ја бара оваа потврда во себе, тој ја мери со другите за да ја открие нејзината вредноста. Најлошото е што на тој начин ја губи својата самодоверба и се чувствува дека сите други имаат подобри врски од неговата.

5. Тој не е присутен

Тој едноставно не е способен да биде присутен во моментот. Неговото его однапред одлучува дали нешто вреди за неговото време или не, а потоа станува нетрпелив и едноставно не сака да се поврзе на подлабоко ниво.

6. Тој многу често ве критикува

Егото напредува кога другите пропаѓаат. Токму затоа и тој многу брзо може да ги детектира вашите маани и да ви укаже на нив. На моменти можеби дури и ви делува како тој да обожава да ви кажува кога грешите или како да направите нешто подобро.

7. Тој е љубоморен

Тој многу често го спомнува вашиот бивш дечко со кој сè уште сте пријатели и сака во секој момент да знае каде сте. Исто така изгледа и дека не сака да поминувате многу време со вашите најблиски, без разлика дали станува збор за семејство или пријатели. Во неговите очи, вие сте само негова и ничија друга. Токму затоа и не сака со никој друг да ве дели.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар