Зошто децата ги сакаат животните?

Дали некогаш сте се запрашале зошто децата се толку луди по животните? Речиси и да нема дете кое не сака животни. Веднаш штом ќе видат некое животинче, се насмевнуваат и посакуваат да го допрат, да си поиграат со него или во најмала рака да го задеваат. Неспорни се позитивните резултати од чувањето домашно милениче, кое може да ве расположи, да биде ваш другар, па дури и терапевтски да делува како кај децата, така и кај возрасните. Љубовта помеѓу децата и животните е толку очигледна, што секој барем за момент би посакал да биде на нивно место. Но, од каде потекнува нивната привлечност?

Зошто децата ги сакаат животните?

Според експертите, одговорот за искрената љубов помеѓу децата и животните е многу едноставен. Кога децата уште од мали нозе започнуваат да ја осознаваат околината и светот околу себе, најпрвин ги привлекуваат предмети кои што се движат, кои што се одликуваат со јасни и јаки бои и се многу воочливи. Децата се фасцинирани од работи што предизвикуваат интересни звуци. Веднаш сакаат да ги допрат и да си поиграат со нив, а притоа се многу непредвидливи како ќе изреагираат. Така, доколку „предметот“ се движи и истовремено произведува звук, а може со него да се комуницира, би бил вистински погодок. Всушност, уште од самото свое раѓање, бебињата се фасцинирани од лицата и гласовите кои ги гледаат и слушаат.

Зошто децата ги сакаат животните?

Но, луѓето не се единствените кои ги исполнуваат овие критериуми. И животните, посебно новороденчињата, сакаат да се мазат и бараат блискост. Исто така, кога ќе се најдат во близина на некоја возбудлива играчка, веднаш почнуваат да се движат и предизвикуваат интересни звуци.

Зошто децата ги сакаат животните?Зошто децата ги сакаат животните?Зошто децата ги сакаат животните?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар