Занимливости поврзани со близнаците

Во последниве 10 години бројот на родени близнаци во светот значително се зголеми, а за тоа многу придонесе вештачкото оплодување, мајчинството во подоцнежните години, како и хормонските додатоци во исхраната. Еве неколку интересни занимливости поврзани со близнаците.Занимливости поврзани со близнаците

  • Секоја 85-та трудница носи близнаци.
  • Бременостите кои започнуваат како близнаци, само во 23% од случаите завршуваат со раѓање на две деца, бидејќи во поголемиот број случаи, едниот ембрион не опстанува до крај.
  • Еднојајчаните близнаци се буквално како одраз во огледало. Отпечатоците на прстите им се помалку слични, но многу често им изгледаат спротивно, баш како одразот во огледало.
  • Повеќе близнаци се раѓаат во руралните средини, за разлика од урбаните. Стручњаците веруваат дека за тоа придонесува чистиот воздух и околината, бидејќи докажано е дека загадувањето лошо влијае на зачнувањето и на исходот на бременоста.
  • Статистиката покажува дека мајката која е потешка и повисока од просечната жена, има поголеми шанси да роди две бебиња.
  • Во светот се раѓаат повеќе машки близнаци отколку женски, но затоа женските близнаци доминираат кога станува број за тројки.
  • Дури 22% од близнаците, почесто се служат со лева, отколку со десна рака.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. nada Reply

    rizikom ostao…..Zanima me dali zena je nosilac gena za blizance ,ili podjednako.Moi roditelji su imali :tata 2 brata blizanca a mama 2 sestre bliznakinje.Tako da i moi sinovi imaju gen za blizance.Jedan ima 2sina blizanca ,a drugi je trebao da ima ,oli snajka u trecem mesecu izgubila jedan plod,adrugi sa velikim

Остави коментар