Веб-сајт кој може да погоди точно колку години имате

Веб-сајт кој може да погоди точно колку години имате

Никогаш не е добра идеја да се обидете да погодите колку години има одредена личност. Доколку кажете помалку одошто навистина има, тој/таа сигурно ќе помисли дека сакате да бидете само љубезни, а ако претерате, тогаш големи се шансите дека ќе ви се налути. За среќа, постои сајт кој ќе ви го даде своето искрено (алгоритамско) и точно мислење.

Веб-сајт кој може да погоди точно колку години имате

Сè што треба да направите е да го посетите веб-сајтот How-Old.net, да поставите фотографија од себе или од личноста чии години ве интересираат и ќе го добиете вашиот одговор. Овој сајт е создаден од страна на Мајкрософт и резултатите варираат од неверојатно точни (како во нашиот случај) до смешно далеку од вистината. Тие велат дека работат на овие грешки, па токму затоа не се лутете доколку згрешат со нивните пресметки. Исто така имајте на ум дека филтрите кои ги користите на вашите фотографии можат да имаат големо влијание, правејќи ве да изгледате како тинејџери, па доколку сакате реална проценка, треба да употребите и реална фотографија.

Пробавте? Дали веб-сајтот ги погоди вашите години?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар