Светот на модата преку мудростите на нејзините најголеми креатори

Од модни совети, преку безвременски парчиња облека до крупни општествени промени. Ова е начинот на кој отсекогаш функционирале големите дизајнерски имиња, чии цитати ќе ви помогнат да одговорите на прашањето: дали модата денес се движи во вистинскиот правец?

Светот на модата преку мудростите на нејзините најголеми креатори

„Јас не дизајнирам облека, јас дизајнирам соништа.“ – Ралф Лорен

„Многу ми е мило што луѓето можат да си дозволат да купат Армани, дури и кога тоа е имитација. Ме радува фактот што сум толку популарен насекаде во светот.“ – Џорџо Армани

„Креативноста доаѓа од конфликтот на идеи.“ – Донатела Версаче

„Мојот сон е да ја спасам жената од нејзината природа.“ – Кристијан Диор

„Најубавото нешто што една жена може да го облече се рацете на мажот кој го љуби.“ – Ив Сен Лорен

„Модните дизајнери се диктатори на вкусот.“ – Карл Лагерфилд

„Не можете да лажирате шик, но можете да бидете шик со лажно крзно.“ – Карл Лагерфилд

„Најдобрата боја на целиот свет е онаа која изгледа најдобро на вас.“ – Коко Шанел

„Најдобар изглед е природниот, но за да изгледате така потребна ви е шминка.“ – Келвин Клајн

„Модата е архитектура, таа е прашање на пропорции.“ – Коко Шанел

Светот на модата преку мудростите на нејзините најголеми креатори

„Жената е најсовршената кукла што сум ја облекол со радост и восхит.“ – Карл Лагерфилд

„Облекување. Луѓето не го практикуваат повеќе. Мора да го промениме тоа.“ – Џон Галијано

„Модата избледува, но стилот е вечен.“ – Ив Сен Лорен

„Модата не е нешто, што живее само во фустаните. Модата е на небото, на улиците, модата е идеја, начин на живот и сè што се случува околу нас.“ – Коко Шанел

„Разликата помеѓу стилот и модата е квалитетот.“ – Џорџо Армани

„Јас не правам мода, јас сум мода.“ – Коко Шанел

„Жената е најсекси кога се чувствува комотно во нејзината облека.“ – Вера Ванг

„Не дозволувајте да ве заведат трендовите. Не дозволувајте ù на модата да ве поседува, самите одлучете што сакате да бидете и што сакате да изразите со начинот на кој се облекувате и начинот на кој живеете.“ – Џани Версаче

„Елеганцијата се раѓа од духот, културата и интелигенцијата.“ – Армани

„Мислам дека убавината е насекаде. Тоа што ‘нормалните’ луѓе го сметаат за грдо, јас обично наоѓам некаква убавина во него.“ – Александар Мекквин

Светот на модата преку мудростите на нејзините најголеми креатори

„Убавината доаѓа одвнатре. Таа е одраз на индивидуалноста на човекот.“ – Роберто Кавали

„Елеганцијата е прашање на индивидуланост, таа е повеќе од парче облека.“ – Жан Пол Готје

„Ја сакам модата, но таа треба да си го знае местото, а не да управува со нашите животи.“ – Миуча Прада

„Никогаш не сте премногу облечени, ниту премногу разголени со мал црн фустан.“ – Карл Лагерфилд

„Отсекогаш сум верувал дека модата не постои само за да ги направи жените поубави, туку и за да ги успокои и да им даде самодоверба.“ – Ив Сен Лорен

„Со текот на годините научив дека она што е најважно кај фустанот е жената која го носи.“ – Ив Сен Лоран

„Жената е стара онолку колку што заслужува.“ – Коко Шанел

„Најубавата шминка за една жена е страста. Но, козметиката е полесно да се купи.“ – Ив Сен Лорен

„Мислам дека фустанот, фризурата и шминката се клучни фактори во проектирањето атрактивна личност и шанса за подобрување на една од најдобрите физички карактеристики.“ – Вивиен Вествуд

„Кога се сомневате, облечете црвено.“ – Бил Блес



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Трпе Reply

    „Модата е форма на грдоста, толку е неподнослива што мора да ја менуваме на секои шест месеци.“
    -Оскар Вајлд

Остави коментар