16 смешни и иритирачки ситуации во кои ќе се пронајде секоја жена

16 смешни и иритирачки ситуации во кои ќе се пронајде секоја жена

Секој ден сме опкружени со разни настани, средби, случувања, односно со безброј убави, но и иритирачки ситуации. Најчесто се обидуваме да ги избегнеме оние вторите, но понекогаш, тие едноставно не сакаат да нè избегнат нас. Затоа, слободно можеме да кажеме дека во овие ситуации може да се пронајде секоја жена.

1-16-smeshni-i-iritirachki-situacii-vo-koi-kje-se-pronajde-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

1. Имате ненадејна потреба да одите во тоалет веднаш штом сте ги налакирале ноктите. Зошто???

2. Откако убаво ќе го истриете окото што започнало да ве чеша, ќе се сетите дека утрото сте ставиле ајлајнер, па сега ви е страв да се погледнете во огледало.

3. Без разлика колку и да се трудите да го испланирате вашиот годишен одмор во периодот кога не треба да добиете менструација, таа секогаш доаѓа токму тогаш.

4. Знаејќи се себеси, започнувате да се спремате половина час порано за да не задоцните и секогаш успевате да доцните уште половина час.

2-16-smeshni-i-iritirachki-situacii-vo-koi-kje-se-pronajde-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

5. Кога подолго време се возите во автомобил, треба да застанете барем 5 пати за да одите во тоалет, а вашиот партнер се нервира поради тоа што мора постојано да прави паузи.

6. Утрото кога имате закажано кај вашиот фризер, вашата коса и боја изгледаат предобро уште од станување, па тогаш следува дилемата – да одите или да не одите на фризер?

7. Само што излеговте од фризерскиот салон, надвор почна да врне дожд. Секако, вие не носите чадор!

3-16-smeshni-i-iritirachki-situacii-vo-koi-kje-se-pronajde-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

8. Секогаш седнувате покрај најчудното момче во трамвајот, возот, автобусот или авионот. Каде исчезнаа сите згодни момци?

9. Само што стигнавте пред вашиот дом и токму таму ви текнува дека сте заборавиле нешто од вашата листа за пазарење, па морате да се вратите назад по него.

10. Одлуката за тоа каде ќе јадете е покомплицирана од дизајнирањето временска машина.

11. Ја кажувате вашата нарачка на келнерот, а откако тој ќе замине вие зажалувате зошто не сте нарачале друго јадење. И секако, тоа ве мачи цело време. Не можете да си помогнете, ова ви се случува постојано.

4-16-smeshni-i-iritirachki-situacii-vo-koi-kje-se-pronajde-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

12. Се жалите за тоа дека сте дебели, но јадете пица и сладолед скоро секојдневно.

13. Гледате филм што го знаете во друштво на друга личност и несвесно започнувате да ги прераскажувате случувањата што следуваат… Ова е ужасно иритирачко за другата личност, па следен пат обидете се да се воздржите.

5-16-smeshni-i-iritirachki-situacii-vo-koi-kje-se-pronajde-sekoja-zhena-www.kafepauza.mk_

14. Тврдите дека Денот на вљубените не ви значи премногу. Но, доколку не добиете цвет или чоколадо, следува разочарување.

15. „Добро сум“ – велите дека сè е во ред, а со задоволство би го удриле партнерот со нешто, бидејќи не сфаќа што ви е.

16. Барате совет во врска со некоја ситуација, а потоа постапувате тотално спротивно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар