Слонче кое обожава да се валка во кал

Можеби отпрвин ќе помислите дека ова е еден исцрпувачки и мачен обид на слонче да се задржи на неговите четири колебливи нозе. Но, доколку се загледате повнимателно, ќе забележите дека ова интересно животинче всушност ужива во сопствениот малер и постојано се враќа на истото место, за да се извалка во калта како прасе.Слонче кое обожава да се валка во калВидеото кое следува е снимено од чуварите во зоолошката градина „Випснејд“, во Бедфордшир, Англија. Азиското слонче кое се лизга во калта под гломазните нозе на неговата мајка (која тежи пет тона), е старо само пет седмици. Инаку, во видеото се гледа дека на мајката на слончето и на друг возрасен слон, не им е гајле за тешкотиите кои бебето ги има со одењето. Впрочем, тие не го ни погледнуваат.Слонче кое обожава да се валка во кал.

Портпаролот на зоолошката градина, Ема Едвардс вели: „Тој е многу храбар, со оглед на тоа што е само пет седмици стар. Не се сеќавам некогаш да сме имале толку енергичен слон во ниедна од нашите зоолошки. Тој дефинитивно ќе биде лидер на неговата група кога ќе порасне“.


.

„Во еден момент, посетителите почнаа неконтролирано да се смеат, кога на слончето му „откажаа“ нозете и плесна со лицето во калта.“ – објаснува таа



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар