Што вели вашиот карактер за вашите навики во исхраната?

Што вели вашиот карактер за вашите навики во исхраната?

Сте се запрашале ли некогаш зошто вашиот пријател или пријателка толку лесно можат да издржат на одреден режим на исхрана, додека пак вие секојдневно се борите со себе за да не се вратите на старите навики? Едно ново истражување ни покажува дека тоа се случува поради разликите во карактерите на луѓето.

Што вели вашиот карактер за вашите навики во исхраната?

Во оваа студија, истражувачи од Федералниот институт за технологија во Швајцарија откриле дека нашите навики во исхраната се под влијание на длабоки црти на личноста. Истражувачите спровеле 3 прашалника на случајно избрани испитаници, првиот за личноста, вториот за навиките на исхраната и третиот за изборот на храна. Откако биле отфрлени оние кои прескокнале повеќе од 10% од прашањата, тие ги анализирани одговорите на скоро 1.000 учесници чија просечна возраст била 55 години.

Прашалникот кој се однесувал на карактерот бил дизајниран да ги мери оние нешта кои психолозите веруваат дека се 5-те базични димензии на личноста: отвореност, свесност, екстраверзија, прифатливост и невротизам.

„Ние откривме дека личноста на една индивидуа детерминира што и како тој или таа јаде,“ вели водечкиот автор на студијата, Кармен Келер. „На пример, недостатокот на свесност ги води луѓето кон импулсивно јадење и губење контрола во оние ситуации кога се соочени со храна која ги примамува. Од друга страна пак, невротичните луѓе имаат тенденција да јадат високо калорична храна со цел да се справат со своите емоции.“

Погледнете ги следниве навики во исхраната кои истражувачите ги поврзале со карактерните црти на луѓето…

Отвореност: Големи се шансите дека вие ќе успеете да одржите здрав и балансиран режим на исхрана, а најмногу ви одговара Медитеранската диета. Вие не сте голем љубител на месо, особено на црвеното месо и многу повеќе уживате во зеленчуци и овошја во комбинација со малку риба.

Свесност: Вие постојано барате информации, ги контролирате факторите кои доведуваат до стрес и вклучувате однесувања кои влијаат врв вашето здравје, додека пак ги избегнувате сите оние нешта кои можат да ве одвлечат од оваа цел. Токму затоа вие ретко јадете месо и многу лесно можете да се воздржите кога станува збор за храна. Немате тенденции да јадете импулсивно под дејство на силни емоции. Повеќе би сакале да јадете овошје и зеленчук отколку благи десерти.

Екстраверзија: Вие уживате да бидете социјални и сте многу добри во комуникацијата со луѓето. Но, социјалните настани доаѓаат и со социјално јадење, па токму затоа вие ја одбирате онаа храна која во моментот ви изгледа привлечна според некои надворешни фактори, како на пример, вкусен изглед или пак добар мирис. Ова значи дека консумирате многу месо, блага храна и пијалаци со шеќери.

Прифатливост: Изгледа дека не постои статистички значајна поврзаност помеѓу оваа карактерна црта со повеќето избори за храна. Но, има големи шанси да избегнувате да јадете месо.

Невротизам: Вие сте на диета само кога тоа ви одговара вам, бидејќи најчесто го користите јадењето како начин на справување со вашите емоции. Овој вид на емоционални јадачи се поврзани со храната која носи „утеха“ како сладоледот. Вие ретко јадете зеленчук и продукти од зрнеста храна.

Според ова истражување можеме слободно да заклучиме дека одредени личности карактеристики можат да бидат фактор за ризик и да водат кон нездрав живот, додека пак други карактеристики можат да водат кон здрав живот. Нашата способност да издржиме одреден начин на исхрана во текот на подолг временски период не е поврзан со тоа колку сме добри во броењето калории, туку со тоа колку е комплексен нашиот карактер. Со други зборови, колку подобро се познавате себе толку подобро ќе можете да се водите кон здравиот пат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар