Шестгодишно момче собрало 400.000 долари за да му помогне на своето болно другарче

Кога шестгодишниот Дилан Сигел дознал дека неговиот најдобар другар пати од ретка и неизлечлива болест на црниот дроб, напишал книга насловена „Chocolate Bar“, која станала голем хит. Благодарение на книгата, потоа почнале да се продаваат и многу други работи, како на пример маички. За својот болен пријател тој успеал да собере дури 400.000 американски долари, а целта е да се стигне до еден милион.Шестгодишно момче собрало 400.000 долари за да му помогне на своето болно другарче Со овие пари досега се обезбедени нови работни места во медицинските установи кои се бават со проучување на оваа ретка болест. Книгата чини 20 долари, а можете да ја нарачате онлајн.Шестгодишно момче собрало 400.000 долари за да му помогне на своето болно другарче

„Тоа момче успеа да собере повеќе пари за оваа болест, отколку сите медицински установи и донации заедно. Веќе имаме вработено нови луѓе“ – вели докторот Дејвид Вајнстајн.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар