Се венчале откако неправедно поминале по 15 години во затвор

Необичен пар пред кусо време се венчаше во Њујорк. Имено, откако и обајцата биле затвореници по 15 години, едниот во САД, другиот во Ирска, решиле остатокот од животот да го поминат заедно.Се венчале откако неправедно поминале по 15 години во затворИнтересното е тоа што и Соња Џејкобс и Питер Прингл се наоѓале пред смртна казна за извршени убиства, но биле ослободени откако бил повторен судскиот процес и се докажало дека биле неправедно осудени.

Тие се запознале во Ирска на конференција одржана од „Амнести Интернешнал“, каде што Соња била еден од говорниците. Тука тие си ги размениле своите неверојатни приказни. Таа била уапсена откако од автомобил било пукано врз двајца полицајци, во кој наводно се наоѓала и таа. Од друга страна, Питер исто така бил оптужен за убиство на полицаец за време на вооружен грабеж во Ирска.

Бидејќи и двајцата поминале низ ист пекол, Соња и Питер решиле останатиот дел од животот да го поминат заедно, а на нивната венчавка присуствувала и глумицата Брук Шилдс.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар