Расцветена пролет во различни делови од светот

Автор: Александра Чакаровска

После студената зима, сите со цела душа ја чекаме пролетта. Цело време затворени дома, едвај чекаме да излеземе надвор и буквално да не се прибереме. Мирисот на цвеќињата, убавиот воздух, џагорот на живиот свет го прави ова годишно време да биде посакувано и прекрасно. Магичната атмосфера се надополнува со прекрасните расцветени црешови дрвја, на кои никој не може да им остане рамнодушен. Еве неколку фотографии од расцветените цветови, фатени од страна на објективот во различни места на светот.

Расцветена пролет во различни делови од светот

Расцветено црешово дрво близу Ајфеловата Кула во Париз.

Расцветена пролет во различни делови од светот

Споменикот на Мартин Лутер Кинг во Вашингтон опкружен со црешови дрвја. Оваа година е значајна по тоа што се бележи 100 годишнина од првото црешово дрво, кое Јапонците го дале како поклон на Американците.

Расцветена пролет во различни делови од светот

Чамец кој плови под црешово дрво во паркот Sakuranomiya во Осака, Јапонија.

Расцветена пролет во различни делови од светот

Снег ги покрил расцветените цветови во Олимпискиот стадион во Минхен, Германија.

Расцветена пролет во различни делови од светот

Овие црешови дрвја расцветеле во паркот Yuyuan Tan, Пекинг

Расцветена пролет во различни делови од светот

Жителите на Портланд, Орегон, имаат прекрасна можност да пешачат во паркот Том МекКол, покрај реката Виламет.

Расцветена пролет во различни делови од светот

Преку црешовите гранки можете да го видите споменикот на Џеферсон во Вашингтон, кој се наоѓа покрај реката Потомак.

Расцветена пролет во различни делови од светот

На плоштадот во централен Ванкувер, Канада, можете да се прошетате под прекрасните расцветени дрвја.

Расцветена пролет во различни делови од светот

Романтична прошетка придружена со мирисот на пролетта, ви нуди кралската палата Chidorigafuch, која се наоѓа во Токио.

Расцветена пролет во различни делови од светот

Доколку се наоѓате близу Амстердам, посетете ја цветната изложба во Лисе, каде ќе уживате во црешовите расцветени дрвја.

Расцветена пролет во различни делови од светот

Девојка ги фотографира преубавите цветови во паркот Sakuranomiya, кој се наоѓа во Осака, Јапонија.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар