Првиот воден парк за луѓе со посебни потреби

Овој аква парк, лоциран во Сан Антонио, Тексас, е првиот во светот кој е направен специјално за луѓето со посебни потреби. Водните забавни паркови се навистина одлична летна активност, особено за малите деца. Но, луѓето со посебни потреби ретко можат да уживаат во овој вид забава.

(1)prviot-zabaven-park-za-lugje-so-posebni-potrebi-kafepauza.mk

Основачот на паркот, Гордон Хартман, работел рамо до рамо со доктори, пациенти, наставници и негуватели со цел да создаде уникатно искуство за секој што ќе го посети паркот.

(4)prviot-zabaven-park-za-lugje-so-posebni-potrebi-kafepauza.mk

„Нашата цел е да им овозможиме уникатно искуство на сите гости во безбедна и удобна околина“, рекол Хартман.

Овој аква парк е буквално за секого, без разлика дали одите на две нозе или се движите со помош на инвалидска количка.

(5)prviot-zabaven-park-za-lugje-so-posebni-potrebi-kafepauza.mk

„Паркот им ветува вистинска забава на луѓето со физички или когнитивни посебни потреби и тој е место каде што можат да уживаат без граници.“

(2)prviot-zabaven-park-za-lugje-so-posebni-potrebi-kafepauza.mk

Некои од услугите што ги нуди паркот се:

(3)prviot-zabaven-park-za-lugje-so-posebni-potrebi-kafepauza.mk

    • Родителите добиваат посебни нараквици со кои можат да ги лоцираат нивните деца во секој момент.
    • Секој милиметар од паркот е достапен за инвалидска количка.
    • Температурата на водата може многу брзо да се промени доколку има посетители кои се чувствителни на студена вода.
    • Бесплатно е изнајмувањето на водоотпорни инвалидски колички.
    • И најдобро од сè, влезот за деца со посебни потреби е бесплатен.

Погледнете повеќе информации од овој воден парк на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар