7 начини на кои можете да се наградите и да се забавувате без да потрошите пари

7 начини на кои можете да се наградите и да се забавувате без да потрошите пари

Грижата за себе не треба да се заменува со прекумерно наградување во форма на материјални работи. Можете да се наградите на сосема поинаков начин и на крајот да добиете многу повеќе. Нема поубаво чувство од она што го чувствувате откако ќе си посветите време и ќе ги нахраните оние потреби што доаѓаат однатре. Но, наградувањето не треба да тргне во погрешна насока и да доведува до непотребни трошоци. Наградите не мора да доаѓаат во форма на нова облека, козметика, излегување или вечера. Овие идеи ќе ви помогнат како да го направите тоа без да трошите пари.

7 начини на кои можете да се наградите и да се забавувате без да потрошите пари

Поминете мрзлив офлајн ден

Еден од најубавите начини на кои можете да се наградите по напорната работа е времето што ќе го одвоите исклучиво за себе. Затоа, ослободете се од Интернетот, од телефонот и од сите други работи што ви го одвлекуваат вниманието. Времето можете да го искористите за долга бања во кадата, за нанесување маска за лице, лакирање на ноктите или читање книга што собира прашина подолго време, гледање филмови и серии итн. Изберете ја вашата омилена храна, топол пијалак или чаша вино и ќе имате ден за паметење.

Поминете активен ден дома или во природа

Одвреме-навреме, секој треба да има можност да си дозволи мрзлив ден. Но, ако не сакате да бидете мрзеливи, секогаш можете да бидете активни во вашиот дом или во природа. Ако планирате да останете дома, танцувајте на вашата омилена музика, вежбајте или посветете му внимание на вашето хоби што сте го запоставиле. Ако сакате да одите во природа, имате повеќе опции. Можете да возите велосипед, да пешачите, да впивате сонце и чист воздух или да спортувате.

Повикајте блиска личност

Се сеќавате на оние времиња кога добивавте доза на топлина и поддршка преку телефон? Долгите телефонски разговори со најблиските се нешто на коешто сите заборавија во ерата на социјалните медиуми и бесплатните пораки. Искористете ги бесплатните разговори, јавете ѝ се на некоја личност со која не сте се слушнале одамна, проверете што има ново и потсетете се на сите прекрасни спомени.

Организирајте забава без трошоци

Организирајте дружење со пријателите без да потрошите пари. Без разлика дали сакате да го претворите дружењето во вистинска забава за танцување, да подготвувате и да јадете храна или да гледате филмови, единственото правило нека биде секој од дома да донесе тоа што има. На овој начин ќе заштедите, но и ќе мора да бидете креативни и благодарни за она што го имате.

Јадете ја вашата омилена нездрава храна

Ако постојано внимавате што јадете,можете одвреме-навреме да се почестите со нездрава храна. Се сеќавате на детските денови кога сте вечерале сладолед и пуканки и сте биле неизмерно среќни поради тоа? Пробајте нешто слично сега.

Организирајте размена

Ако навистина посакувате нешто ново, но сте одлучиле да штедите и да не трошите пари, обратете им се на вашите најдобри пријатели. Организирајте размена во која можете да вклучите облека и обувки што ретко ги носите, украси, неискористена козметика, чинии, книги и сите оние работи што непотребно собираат прашина. На крајот од размената, сите ќе се ослободат од непотребните работи и ќе однесат дома нешто ново.

Одете во авантура со пријателите

Не мора сите авантури да вклучуваат високи трошоци и патувања на други места. Повикајте ги пријателите, организирајте дружење во вашиот сопствен град и истражете ги далечните места во природата што не сте ги посетиле долго време. Организирајте пикник, долга прошетка во природа, возете велосипед или искористете го денот за вашиот омилен спорт.

Погледнете ги овие едноставни активности кои ќе ви ги смират мислите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар