5 едноставни активности кои ќе ви ги смират мислите

Кога мозокот престанува да размислува, обично во него се развива немир. Па, како тогаш да ги смириме непријатните мисли? Едноставно е. Мора да го окупирате мозокот, но со нешто лесно и убаво што ќе ги оддалечи лошите мисли и ќе ви донесе мир. Погледнете ги овие 5 едноставни активности кои ќе ви ги смират мислите.

5 едноставни активности кои ќе ви ги смират мислите

Движење

Велат дека најдоборото нешто кое го активира серотонинот (хормонот на среќата) е вежбањето и движењето. Ако имате мирен одмор, но сè уште не се чувствувате добро, одлучете се за спорт што добро ќе ве замори. Трчање, играње тенис – сè што може да го рефокусира вашиот мозок за некое време. Обидете се да се забавувате!

Пишување

Можеби водењето дневник ви изгледа како детска идеја, но пишувањето помага многу. Можете да побарате совет и од психолог кој исто така ќе ви даде насоки како да ги смирите мислите. Ако решите да водите дневник, можете да ги запишувате лошите мисли кое ќе ви помогне да разберете дека тие мисли воопшто не треба да ви предизвикуваат чувство на страв.

Масажа

Кога сме вознемирени, соодветна и релаксирачка масажа би можела да биде многу корисна. Ќе ви помогне да ги релаксирате мускулите и нервите и ќе ве доведе во рамнотежа.

Готвење

Пробајте некој нов рецепт, побарајте нешто поразлично, побарајте нови состојки и уживајте во готвењето. Самиот интерес за нешто ново ќе ги замолчи негативните мисли што минуваат низ вашата глава.

„Grounding“

Уште една активност койа е многу позната меѓу оние кои практикуваат јога. Јогата не е само практика, туку и средба со себеси, како и средба со земјата, односно земјата на која ја изведуваме јогата. Самото лежење на подот или на било која површина може многу да ве смири. Исто така, не заборавајте да дишете длабоко и да ја воведете оваа навика во постојана пракса.

Можеби ќе ве интересира и оваа медитација со одење која ќе ви помогне да се ослободите од стресот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар