Што момците навистина забележуваат кога првпат имате секс?

Што момците навистина забележуваат кога првпат имате секс?

Ако сте од оние девојки кои повеќе време трошат на подготовка за состанок отколку на самиот состанок, не сте осамени. Според едно ново британско истражување, жените во просек се подготвуваат 6 часа за вечерта кога првпат планираат да имаат секс со новото момче. Но, сепак од тоа нема потреба, бидејќи момците при првиот сексуален контакт со нова девојка забележуваат сосема неочекувани работи.

2-shto-momcite-navistina-zabelezhuvaat-koga-prvpat-imate-seks-kafepauza.mk

1. Самодоверба

Една од првите работи кои машко ги забележува кај жена е самодовербата во спалната соба. Тој не обрнува внимание на подникнатите влакна на кои вие не можете да престанете да мислите, ниту пак ќе ја забележи сувата кожа на одреден дел од телото која вие си ја гледавте пола час во огледало додека се спремавте. Тој е повеќе фокусиран на тоа колку добро и самоуверено се чувствувате. Бидете сигурни во себе. Самодовербата ве прави поатрактивни. Секако, ако вашето повеќечасовно спремање ве направи посамоуверени, само напред.

1-shto-momcite-navistina-zabelezhuvaat-koga-prvpat-imate-seks-kafepauza.mk

2. Потези

Вашето момче обожава кога вие го преземате кормилото во спалната соба и тоа целосно му го окупира вниманието. Ако сакате да оставите траен впечаток, обидете се да примените некои креативни сексуални потези кои нема да може да ги заборави.

3-shto-momcite-navistina-zabelezhuvaat-koga-prvpat-imate-seks-kafepauza.mk

3. Очи

Мажите ги следат и вашите очи, верувале или не. Не сокривајте го погледот, флертувајте, зборувајте му со очите и едноставно гледајте го длабоко.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар