Поучна приказна: Малото момче со чатал и неговата сестра

Поучна приказна: Малото момче со чатал и неговата сестра

Еднаш, многу одамна, Семи и неговата сестра Мари ги посетиле нивните баба и дедо на фармата. Семи со себе имал чатал за да си игра во шумата. Тој таму почнал да вежба, но никогаш не ја погодил целта, па така обесхрабрен, тргнал да се врати назад за ручек. Како што одел, тој ги видел патките на неговата баба, па веднаш погодил една директно во главата и таа умрела. Семи бил шокиран од овој свој потег и во паника ја скрил мртвата патка во шумата. Неговата сестра Мари сето ова го гледала од прозорецот, но не рекла ништо.

Поучна приказна: Малото момче и неговата сестра

Следниот ден, по ручекот, нивната баба рекла: „Мари, ајде измиј ги садовите.“ Но, Мари рекла: „Бабо, Семи ми кажа дека тој сака да помогне со работите во кујната.“ Потоа таа му шепнала на нејзиниот брат: „Се сеќаваш ли на патката?“ Семи станал нервозен откако дознал дека неговата сестра знае за убиената патка, па помислил дека ако не ја почитува, таа би можела да ѝ каже сѐ на нивната баба. Без да каже ништо, Семи ги измил садовите. Подоцна тој ден, дедо им ги прашал дали сакаат да одат на риболов со него, на што баба им одговорила: „Жал ми е, но ми треба Мари за да ми помогне да подготвиме вечера.“ Мари само се насмевнала и рекла: „Семи рече дека тој сака да ти помогне“, при што повторно го потсетила својот брат за убиената патка, па таа заминала на риболов, а Семи останал да ѝ помогне на нивната баба.

По неколку дена искористување од страна на неговата сестра, Семи повеќе не можел да издржи и ѝ признал сѐ на својата баба. По ова, бабата клекнала на колена, го прегрнала и му рекла: „Душо, знам. Стоев на прозорецот и ја видов целата работа, но ти простив, затоа што те сакам. Се прашував само колку долго ќе ѝ дозволиш на Мари да те искористува.“

Поука: Секогаш признавајте ги вашите грешки. Тоа ќе ве ослободи од сета вина во вашето срце и никој нема да ве искористува. Прифатете ги своите грешки, извинете се и учтиво побарајте прошка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар