15 кул факти за маскарата кои сигурно не ги знаевте

15 кул факти за маскарата кои сигурно не ги знаевте

Истражувањата покажале дека дури 95% од жените наутро не излегуваат од домот без маскара. Покрај карминот, маскарата е најпродаваниот козметички производ бидејќи е задолжителен дел во процесот на шминкање, а добра работа е и тоа што го менува целиот изглед доколку ја носите само неа. Маскарата дури визуелно ве прави помлади, а вашиот тен посветол. Доколку сте природно руси може да се случи вашите трепки да бидат толку светли, што нема да се гледаат без неа. Приказната за маскарата е прилично долга, а започнува уште од времето на старите Египќани.

1-15-kul-raboti-za-maskarata-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-www.kafepauza.mk_

1. Маскарата е создадена во 1913 година, а нејзиниот творец е хемичарот Томас Вилјамс од Чикаго, кој за изработка на овој производ употребил јагленова прашина и вазелин. Уште тогаш жените полуделе за неа.

2. Маскарата е омилен женски производ, бидејќи ги отвора очите, ги прави поголеми, ги нагласува трепките и му дава свеж изглед на лицето.

3. Пред првата употреба на новата маскара четката треба добро да се измие под силен млаз вода.

4. Четката за маскарата се прави од најлон, кој за прв пат е претставен во 1939 година, во Њујорк.

5. Маскарата се користела уште од 4000-тата година пред новиот век. Египќаните ја нарекувале „kohl“, а ја нанесувале со стапче.

2-15-kul-raboti-za-maskarata-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-www.kafepauza.mk_

6. Важна состојка за создавање маскара е гванин, супстанца која се добива од лушпите на рибите. Гванинот е состојка која честопати се става во различни мејкап производи, бидејќи им дава сјај.

7. Првата кремаста маскара е слична како денешната. Направена е во 1958 година, се пакувала во шишенца и се купувала во комплет со апликатор.

8. Поголемиот дел од жените инстинктивно ја отвораат устата кога нанесуваат маскара. За тоа постои добра причина – кога ќе ја отворите устата станува потешко да трепнете.

9. Да ја оставите шминката на лицето во текот на ноќа не е добра идеја. Доколку ја оставите маскарата на очите во текот на ноќта, следното утро можете да се разбудите без некоја трепка…

10. Ниту една маскара не би требало да се користи подолго од 3 месеци.

3-15-kul-raboti-za-maskarata-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-www.kafepauza.mk_

11. Во текот на нанесувањето доволно е само еднаш да ја извадите четката од маскарата, бидејќи во спротивно со четката ќе „фатите“ премногу боја и на тој начин ќе создадете грутчиња и ќе го отежнете нанесувањето.

12. Маскарата на Max Factor, False Lash Effect, се продава во секоја минута некаде во светот, а една Lancome маскара на секоја секунда.

13. Кога нанесувате маскара, визуелно го подигнувате вашето лице. Маскарата им овозможува дефиниција на очите и ги истакнува, образите делуваат подигнати, а тенот изгледа посветол, поради што изгледате помладо.

14. Во маскарата се наоѓа жива која е отровна. Сепак, во овој случај станува збор за мала количина која не може да ви наштети. Живата е забранета во сите други мејкап производи, освен во маскарата.

15. Поголемиот дел од маскарите се наменети за нанесување во еден или максимално два слоја. Таа се суши брзо, па колку повеќе слоеви ќе нанесете, толку се поголеми шансите дека трепките ќе се слепат и ќе се создадат грутки.

6-15-kul-raboti-za-maskarata-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар