Поучна приказна: Луѓето се како камиони за собирање ѓубре

Поучна приказна: Луѓето се како камиони за собирање ѓубре

Еден човек се качил во такси за да оди на аеродром. Додека се возеле, еден голем луксузен автомобил ненадејно се вклучил во нивната лента, а таксистот силно закочил, гумите зачкрипиле и само за малку избегнал сообраќајка.

pouchna-prikazna-lugjeto-se-kako-kamioni-za-sobiranje-gjubre-kafepauza.mk

Возачот на другиот автомобил почнал да вика по таксистот и да му се заканува. На ова тој само се насмевнал и му одмавнал со раката. Делувал многу пријателски настроен и покрај грубото однесување на другиот возач. Патникот го прашал зошто постапил така, кога за малку ќе ги убиел. На тоа таксистот му одговорил преку „правилото на камионот за собирање ѓубре“:

„Многу луѓе се како камиони за собирање ѓубре. Ќе ги видиш наоколу полни со ѓубре, со фрустрации, со гнев и со огорченост. Кога нивното ѓубре ќе се натрупа тие бараат место каде да го истурат, а тој несреќник може да бидеш и ти. Не земај ги здраво за готово, само мавни им, насмеј се и продолжи понатаму. Не земај го нивното ѓубре за да го шириш дома, меѓу колегите или на улица.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар