Помалку познати факти за единствениот Мистер Бин

Помалку познати факти за единствениот Мистер Бин

Британската хумористична ТВ серија „Мистер Бин“ (Mr. Bean) за прв пат била прикажана пред 25 години. Ликот на осамениот и несфатен Мистер Бин и ден денес може да насмее милиони луѓе ширум светот. Начините на кои успева да се снајде во сите незгодни ситуации служат како вистинско охрабрување за сите кои некогаш доживеале срамни моменти. Прочитајте ги овие интересни факти за смешниот Мистер Бин за чија појава најмногу е заслужен актерот Роуан Аткинсон…

Помалку познати факти за единствениот Мистер Бин

1. Роуан Аткинсон почнал да работи на ликот Мистер Бин додека ги завршувал магистерските студии по електротехника на универзитетот Оксфорд.

2. Повеќе од 100 авиокомпании го искористиле ликот на Мистер Бин како реклама на авионите.

3. Во 1987 година на фестивалот „Just for Laughs“ во Монтреал, Аткинсон инсистирал да изведе скеч пред публика која зборува француски за да го тестира физичкиот аспект на хуморот што тој го претставува.

4. Името Бин, што на англиски значи грав, било смислено дури во 1989 година. Пред тоа Аткинсон и Куртис имале предвид многу видови зеленчук, пред конечно да се одлучат за гравот, односно Бин.

5. ТВ серијата „Мистер Бин“ која почнала да се прикажува во 1990 година била смислена од страна на Аткинсон и Ричард Куртис кој подоцна ги напишал комедиите „Четири венчавки и погреб“ (Four Weddings and a Funeral) и „Љубов, всушност“ (Love Actually).

6. Најголемите обожаватели на Мистер Бин не можат да се помират со фактот што биле снимени само 14 епизоди. Но, затоа има и два филма, анимирана ТВ серија и видео игра.

7. Мистер Бин нема име.

8. Тој е многу повлечен, но и образован човек кој успеал да дипломира на два универзитета: Оксфорд и Њукасл.

Помалку познати факти за единствениот Мистер Бин

9. Мистер Бин живее на вториот кат во зградата на улица Арбор Роуд бр. 12 во Хајбери во северен Лондон. Адресата е секако измислена.

10. Досега се продадени 35 милиони дигитални видеодискови (ДВД) од серијата. Мистер Бин има повеќе од 1,4 милијарди прегледи на Јутјуб и околу 68,5 милиони фанови на Фејсбук.

11. Иако важи за осаменик, Мистер Бин имал девојка по име Ирма Гоб, која се појавува во вкупно три епизоди од серијата.

12. Аткинсон му е школски другар на Тони Блер.

13. Девојките доаѓаат и си одат, но пријателите остануваат засекогаш. Тоа важи и за најдобриот пријател на Бин, мечето Теди. Неговиот однос кон мечето е малку збунувачки, бидејќи од една страна му купува подароци за Божиќ и внимава да не го разбуди додека спие, а од друга, неретко го користи и како четка за молерисување.

14. Другиот најдобар пријател на Мистер Бин е автомобилот Мини, кој за потребите на снимањето на серијата бил уништен дури два пати.

15. Во последните 25 години, во секој момент се прикажува серијата „Мистер Бин“ некаде во светот.

16. Долгометражниот филм „Бин“ (Bean) е еден од филмовите со најголема заработка во историјата на англиската кинематографија. Тој има заработено вкупно 165 милиони фунти.

Помалку познати факти за единствениот Мистер Бин

17. Покрај глумата, Аткинсон исто така обожава да вози. Во една прилика тој изјавил дека еден од најсреќните моменти во неговиот живот е кога добил дозвола за возење камион, а во детството обожавал да го вози тракторот на татко му.

18. Во 2002 година, Мистер Бин добил и своја анимирана верзија, но гласот и понатаму останал оној на Роуан Аткинсон.

19. Аткинсон го опишал Мистер Бин како „Дете во тело на возрасен човек“. Во едно интервју, тој го нарекол и „природен анархист“. Но, Мистер Бин е и прилично себичен и егоцентричен, бидејќи Аткинсон изјавил дека не му треба уште еден глумец во кадар за да биде смешен.

20. Овој лик постигнал голем успех и во книжевниот свет. Книгата „Дневниците на Мистер Бин“ која дава можност да се ѕирне во уникатниот ум на популарниот лик, била објавена во 1993 година, а продадена е во милион примероци.

21. Аткинсон е горд сопственик на импресивна колекција од брзи автомобили, меѓу кои може да се најдат Астон Мартин, Хонда, Ауди, па дури и МекЛарен Ф1.

22. Легендарното мрдање на ушите на Мистер Бин е вистинско. Роуан Аткинсон навистина може да го направи тоа.

23. Мистер Бин повремено пишува за некои британски списанија за автомобили.

24. Мистер Бин најверојатно не е од оваа планета! Во најавната шпица тој се симнува од небото опкружен со мистериозна светлина, а две епизоди завршуваат така што некоја непозната сила го „вшмукува“. Освен тоа, во анимираната ТВ серија тој завршува во вселенски брод каде што се запознава со вонземјаните и дознава дека сите личат на него.

25. Аткинсон целиот негов живот имал проблем со замуцкувањето, што е веројатно една од главните причини зошто ги одбегнувал интервјуата.

Доколку сакате да се потсетите на овој генијален лик, направете си филмски маратон со Мистер Бин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Kate Reply

    Isto taka akterot Rouan Atkinson ima IQ od 178.

Остави коментар