Денешната младина никогаш нема да ги разбере работите што го обележаа детството на луѓето родени пред 90-тите

Кога ќе почувствуваме носталгија, секогаш се присеќаваме на детството и работите што биле дел од нашето растење. Станува збор за нешта што младината денес не ги разбира и ситуации со кои никогаш нема да се соочи. Ова се 15-те работи кои денешните деца веројатно никогаш нема да имаат можност да ги направат…

Денешната младина никогаш нема да ги разбере работите што го обележаа детството на луѓето родени пред 90-тите

1. Никогаш нема да се грижат за тоа дали ќе ја пропуштат омилената ТВ серија

Благодарение на онлајн каналите за гледање серии, секоја епизода им е достапна кога и да посакаат. Никогаш нема да ги прелистуваат ТВ програмите за да видат кога ќе се даваат репризите и нема да се каат поради тоа што пропуштиле да ги гледаат.

2. Никогаш нема да изнајмуваат филмови од видеотека

Денешните деца нема да имаат можност да го доживеат ова искуство кое подразбираше исчекување на новите филмови по неколку месеци. Се сеќавате на стресот што го доживуваме кога заборававме да го вратиме филмот во видеотека? Младината денес никогаш нема да помине низ истото!

3. Никогаш нема да им се јават на мајките од телефонска говорница

Им треба превоз? Мобилниот им е во рака и само со помош на еден повик можат да се чујат со родителите. Купувањето телефонски картички за само еден повик претставува нешто непознато за нив.

4. Никогаш нема да си играат во „опасните“ паркчиња

Се сеќавате на старите лулашки, лизгалки и дрвени рипстоли? Сите беа испокршени и опасни за качување, но денес тие се заменети со нови, современи и „безбедни“ справи.

5. Никогаш нема да снимат касета со љубовни песни за симпатијата

Касетите денес се заменети со плејлисти што се прават за две минути. Ние со денови ги правевме нашите компилации, ги чекавме омилените песни на радио за да ги снимиме и многу трагично го сфаќавме моментот кога водителот ќе „улеташе“ со некоја негова приказна и ќе го уништеше крајот на песната.

Денешната младина никогаш нема да ги разбере работите што го обележаа детството на луѓето родени пред 90-тите

6. Никогаш нема да пишуваат со краснопис

Компјутерите го заменија рачното пишување и децата не обрнуваат толку внимание на ракописот. Тажно е тоа што уметноста на убавото пишување полека исчезнува.

7. Никогаш нема да користат енциклопедии за нивните училишни проекти

Се сеќавате на „1000 прашања, 1000 одговори“? Колку информации сте искористиле за вашите проекти од оваа енциклопедија? Денес децата само ги вклучуваат компјутерите и сите информации им се на дофат.

8. Никогаш нема да користат машина за пишување

Рачното принтање на текстовите е минато. Компјутерите целосно ги исфрлија од употреба машините за пишување кои беа задолжителен дел од секоја канцеларија.

9. Никогаш нема да користат телефон со бројченик

Денешните деца сигурно се прашуваат дали воопшто постојат телефони без екран на допир. Да, постојат, некаде во нивните подруми и во музеите.

10. Никогаш нема да користат хартиени мапи

Уште од мали нозе децата се навикнати на GPS и Google Maps, па веројатно нема ни да можат да се снајдат ако налетаат на хартиена мапа.

Денешната младина никогаш нема да ги разбере работите што го обележаа детството на луѓето родени пред 90-тите

11. Никогаш нема да пијат вода од црево за наводнување на градината

Омиленото и единственото освежување во текот на топлите летни денови беше ладната вода која лакомо ја пиевме од цревото со кое соседот ја наводнуваше градината. Денес омиленото освежување е клима уредот во комбинација со чаша сок полна со мраз.

12. Никогаш нема да си играат со џамлии

Овие прекрасни мали шарени топчиња го обележаа нашето детство. Но, денешните деца сигурно не копаат дупки по паркот за да направат совршени „шлајки“. Веројатно не ни знаат што значи зборот „шлајка“.

13. Никогаш нема да се фотографираат со аналоген фотоапарат

Благодарение на брзиот развој на технологијата, децата денес можат да ја видат фотографијата за само неколку секунди. Потоа, најчесто се незадоволни од она што ќе го видат, па ја бришат и одново се сликаат. Ние со денови чекавме за да ги развиеме фотографиите и имаме албуми полни со фотографии од кои се срамиме.

14. Никогаш нема да го отворат прозорецот од автомобилот со помош на рачка

Денес автомобилските прозорци работат на копчиња и далечински управувачи. Кој би се заморувал со здодевното вртење на рачката?!

15. Никогаш нема со часови да талкаат со нивното друштво

Денешните деца не можат да залутаат или на кратко да се изгубат со екипата. Родителите им се јавуваат на мобилен на секој половина час за да проверат каде се и кога ќе си дојдат дома.

Сте чуле ли денес некое дете како вика на сиот глас по мајка му за да му фрли 10 денари од тераса? А сте виделе дете како јаде сендвич од дома затоа што не сака да се „прибере“ на ручек? За жал и овие работи денес се веќе далечно минато и не ни преостанува ништо друго освен да се сеќаваме на нив со насмевка на лицето…

Се присетивте на убавото и безгрижно детство? Погледнете ги и овие ТВ серии и цртани филмови со кои израснавме.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар