Филмски маратон со Мистер Бин

Сподели

Излишно е да се трошат многу зборови за Роуан Аткинсон, многу попознат по името Мистер Бин и еден од најдобрите комедијанти на сите времиња. Неговата работа се темели главно на мимика и физичка комедија. Ретко зборува во неговите филмови и скечеви, а кога го прави тоа зборовите ги изговара на за него специфичен начин. Малкумина знаат дека со тоа тој го прикрива својот проблем со пелтечењето. Тоа, за жал, не го прави доволно атрактивен за повеќето современи комедии-блокбастери, но и покрај тоа зад него веќе има доволно филмови по кои ќе остане запаметен.Филмски маратон со Мистер БинВи предлагаме неколку од нив во кои „човекот со гумено лице“ ќе ве изнасмее до солзи. При тоа, избегнувајте да јадете и пиете додека ги гледате овие филмови за да не се задавите.

Бин (Bean)

Филмски маратон со Мистер Бин Година: 1997

Актери: Роуан Аткинсон, Питер МекНикол, Џон Милс

Жанр: комедија

Наша оценка: 10

Кратка приказна: Митер Бин е чувар во Кралската Национална Галерија во Лондон кој често заспива на работа. Неговите шефови бараат начин да го отпуштат, но не можејќи да најдат начин, ќе го пратат како свој претставник во една мала галерија во Лос Анџелес на одреден период. Таму мислат дека тој е доктор на науки и треба да одржи пригоден говор пред аукцијата на скапата слика Вистлеровата мајка.


Одморот на Мистер Бин (Mr. Bean’s Holiday)

Филмски маратон со Мистер Бин Година: 2007

Актери: Роуан Аткинсон, Вилијам Дефо, Макс Болдри

Жанр: комедија

Наша оценка: 10

Кратка приказна: Мистер Бин ќе добие наградно патување во Кан и тоа токму за време на одржувањето на Канскиот филмски фестивал. За време на патувањето до азурниот брег ќе му се случат многу интересни моменти, а при тоа ќе заглави на сред пат со синот на член на жирито на фестивалот. Заплетот се случува кога сите ќе помислат дека Бин всушност го киднапирал детето.


Џони Инглиш (Johnny English)

Филмски маратон со Мистер Бин Година: 2003

Актери: Роуан Аткинсон, Џон малкович, Натали Имбрулја

Жанр: комедија, акција

Наша оценка: 7

Кратка приказна: Ова е првиот од двата дела на пародијата на Џејмс Бонд. Аткинсон го глуми неинтелигентниот британски шпион Џони Инглиш, кој останува единствена надеж против еден злобен Французин кој сака да стане британски крал.


Џони Инглиш препороден (Johnny English Reborn)

Филмски маратон со Мистер Бин Година: 2011

Актери: Роуан Аткинсон, Доминик Вест, Розамунд Пајк

Жанр: комедија, акција

Наша оценка: 8

Кратка приказна: Откако направил фатална грешка во една претходна мисија, веќе подостарениот Џони Инглиш е пратен во Тибет да научи да живее мирно и дисциплинирано. Сепак, ќе мора да се врати во Лондон за да ги запре потенцијалните атентатори на кинескиот претседател кој доаѓа во посета на Велика Британија. Во своите акции Џони користи ги електронски уреди и мудроста научена во Тибет.


Трка на стаорци (Rat Race)

Филмски маратон со Мистер Бин Година: 2001

Актери: Роуан Аткинсон, Вупи Голдберг, Кјуба Гудинг Џуниор

Жанр: комедија, авантура

Наша оценка: 6

Кратка приказна: Кога на група коцкари ќе им здодее вообичаеното коцкање, еден сопственик на казино измислува нов начин на забава за нив. Тој случајно избира 6 негови гости на кои им дава можност да се тркаат од Лас Вегас до Ново Мексико, каде што во еден шкаф има скриено 2 милиони долари. Мистер Бин, Вупи Голдберг и Кјуба Гудинг Џуниор се меѓу учесниците во трката во која нема правила.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар