Отсега Фејсбук ви дозволува целосно да ги избришете бившите од вашиот тајмлајн

Па, сте ја завршиле вашата 3-годишна врска и сега на некој начин се чувствувате добро за тоа. Вие сте го избришале нејзиниот или неговиот број, како и сите пораки и успешно сте ги исфрлиле сите нешта кои ве потсетувале на нив. Единственото прашање кое останува е дали да го/ја избришете и од пријателите на Фејсбук.

(1) Отсега Фејсбук ви дозволува целосно да ги избришете бившите од вашиот тајмлајн

За среќа, Фејсбук конечно нашол начин како да се справите со овој проблем, така што овозможува нова низа алатки кои ви дозволуваат да го контролирате начинот на интеракција со бившите партнери. Со почеток од 19 ноември, вие имате нови можности откако официјално ќе го смените вашиот статус на мобилната апликација.

(2) Отсега Фејсбук ви дозволува целосно да ги избришете бившите од вашиот тајмлајн

Според Фејсбук, вие можете да ги тргнете таговите на сите заеднички фотографии во истиот момент кога ќе го смените статусот. Исто така можете да го уредите профилот така што ќе се погрижите вашиот бивш или бивша да не може да ги гледа содржините кои ги споделувате. Се очекуваат уште надградби на оваа можност во иднина, но сега за сега ова е сосема доволно за почеток.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар