Не ги сакате утрата? Науката докажува дека причината за тоа можеби е генетска

Дали ви е тешко да станувате рано наутро без оглед на тоа кога сте си легнале? Не грижете се! Најновите истражувања покажале дека тоа можеби воопшто не е ваша вина. Имено, дали ќе бидете ноќна или утринска птица најверојатно зависи од вашата генетика. Мајкл В. Јанг го проучувал спиењето повеќе од 45 години и открил дека постои генетска мутација која одредува дали луѓето ќе можат да стануваат рано или не.

Не ги сакате утрата? Науката докажува дека причината за тоа можеби е генетска

Ако досега сте мислеле дека не ги сакате утрата поради тоа што правите нешто погрешно, сега може да бидете сигурни дека тоа не е вистина. Најверојатно сте се изнаслушале еден куп совети како што се да се откажете од кофеинот, да си легнувате порано, да ја смените исхраната и слично, доколку сакате да станувате рано со леснотија. Можеби и сте се обиделе со некои од овие работи, но сепак не сте забележале никакви резултати.

Дали љубовта кон утрата зависи од генетиката или од начинот на живот?

Истражувањето на Јанг ја открило генетската мутација по име CRY1 која го одложува внатрешниот часовник кај луѓето што ја имаат за неколку часа и на тој начин ги принудува да спијат и да станат подоцна. Луѓето еволуирале низ вековите со цел да се адаптираат на промените во светлината и температурата и нашите тела произведуваат посебни ензими кои го поттикнуваат будењето и спиењето, поради што станувањето пред да изгрее сонцето е нешто неприродно. Пред да изгрее сонцето, нашите тела сѐ уште не ги излачиле ензимите за будење кои го поттикнуваат апетитот. Спротивно на тоа, доколку сте изложени на светлина пред да заспиете, вашето тело нема да може да произведе мелатонин кој ви помага да заспиете.

Телата на луѓето што ја имаат мутацијата CRY1 не ја добиле информацијата за будење и заспивање со ензими и затоа многу често личат на зомбиња. Тешко им е да функционираат нормално, особено ако имаат типично работно време од 9.00 до 17.00. Тие се постојано исцрпени.

Не ги сакате утрата? Науката докажува дека причината за тоа можеби е генетска

Дали можете да се претворите во утринска птица?

Дали би можеле да го промените ова и покрај тоа што имате генетска мутација? Според Јанг, тоа е возможно, но станува збор за постојана борба. Една од испитаничките во истражувањето на Јанг била ноќна птица, нејзините тестови за генетска мутација биле позитивни и имала работа поради која морала да станува околу 5 часот наутро. Таа морала да се држи до строг распоред и да се буди во 5 часот наутро секој ден, дури и за време на викендите за да може барем делумно да го промени циклусот на спиење и будење. Сепак, оваа вежба барала голема упорност и истрајност.

„Ако таа спие до подоцна за време на викендите, тоа може да предизвика секакви проблеми“, изјавил Јанг.

Спиењето и будењето се базираат на ритмичка шема, позната како биолошки ритам. Ако го нарушите овој природен ритам на каков било начин, тоа може да предизвика проблеми со спиењето. За жал, современото општество е навикнато да си го саботира спиењето. Освен тоа, ако отсекогаш ви било лесно да заспиете, но сега ви е потешко, вашиот смартфон, компјутер или таблет се најголемите виновници за тоа. Според едно австралиско истражување, иако сета вештачка светлина може да ви го наруши спиењето, сината краткобранова светлина што се емитира од електронските уреди предизвикува најголеми проблеми и активно го попречува производството на мелатонин.

Не ги сакате утрата? Науката докажува дека причината за тоа можеби е генетска

Па, што можете да направите?

За жал, не постои волшебно стапче кое ќе ве претвори во утринска птица. Меѓутоа, тоа што не сакате да се разбудите со изгрејсонцето не значи дека сте неуспешни. Не мора да се принудувате себеси да ги засакате утрата, ако тоа ве прави несреќни. Можеби треба да се обидете да бидете искрени околу вашите потреби и да го прилагодите работното време што е многу полесно да се направи денес за разлика од порано.

Освен тоа, истражувањата покажале дека ноќните птици имаат повисока интелигенција, така што ако утринските рутини ви претставуваат проблем, можете да се утешите со фактот дека имате поголеми когнитивни способности од утринските птици. Иако сте уморни, не заборавајте дека сте исто така и многу паметни. Доволно паметни за да знаете дека треба да дремнете и да се напиете кафе.

Доколку не се сметате себеси за утринска птица, прочитајте зошто луѓето кои се мачат да станат од спиење се поинтелигентни.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар