Најсреќното место во светот прикажано преку 20.000 фотографии

Мет Гивот и Ден Даглас ги сплотиле нивните фотографски вештини и уметнички способности и го направиле ова неверојатно видео, на кое е прикажан забавниот парк Дизниленд во Анахајм, Калифорнија преку 20.000 фотографии, споени во едно тајмлапс видео.Најсреќното место во светот прикажано преку 20.000 фотографииНа видеото се прикажуваат различни забавни содржини кои им ги нуди паркот на посетителите, а ќе се изненадите од огромниот број луѓе кои секојдневно го посетуваат. Целта на креаторите на видеото била да се долови магијата којашто може да се искуси единствено во овој парк, прикажувајќи како визијата на Волт Дизни од 1930-тите години, го креирала најпопуларниот забавен парк во светот. Филмот дава уникатна перспектива на колоритните светла, раздвижената толпа луѓе и забавните возења. Почувствувајте ја магијата во ова прекрасно видео.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар