Најголемата журка во бело

Автор: Александра Чакаровска

Sensation“ е една од најголемите журки на затворено во светот, каде може да ги слушнете најновите хитови од електро музиката и да си поминете како никогаш порано. За секој посебен настан се издаваат од 40.000 до 45.000 билети, кои се продаваат со неверојатна брзина од само неколку часа.Најголемата журка во белоЗа првпат, журката е организирана во Амстердам, Холандија, на почетокот на 2000-тата година. Почнувајќи од 2005-та година па до денес, журката се одржува во 21 држава, меѓу кои во Полска, Србија, Шпанија, Германија, Чешка, Летонија, Украина и Бразил. Од оваа година, за првпат „Sensation“ се одржува и во САД.Најголемата журка во белоНајголемата журка во бело„Sensation“ не претставува само обична журка, туку вистински хепенинг каде фановите на транс и хаус музиката може да уживаат во одличната изведба на популарните диџеи, како и во спектакуларното шоу приредено од организаторите. Присуството на најпопуларните диџеи како Тиесто, Дејвид Гета, Ерик Е, Пол Ван Дајк, Јохан Гилен, Сандер Клајненберг, Стив Анџело, ја прават журката да биде една од најпосетуваните во светот.Најголемата журка во белоНајголемата журка во белоЖурките обично се одржуваат во најголемите сали во државата, познати како „О2 арени“. Централно во салата е поставена кабината од каде настапуваат диџеите, и зависно од темата на журката, декорирана е со џиновски транспаренти во впечатливи флуоресцентни бои. Магијата на шоуто ја надополнуваат разни осветлувања, ласери и пиротехники кои се задолжителен дел на журката. Интересно за овој хепенинг е тоа што постои стриктен код за облекување. Сите кои сакаат да бидат дел од журката мора да бидат облечени во бело. Поради тоа, претходното журката се нарекувала „Sensation White“, додека денес е позната само како „Sensation“. Мотото на журката е „Биди дел од забавата – облечи се во бело“.Најголемата журка во белоНајголемата журка во белоНајголемата журка во белоЗаради различните насоки во музиката, журката е поделена на „Sensation White“ и „Sensation Black“ (денес позната само како „BLACK“). Журката „BLACK“ се фокусира повеќе на хардкор стиловите во музиката, додека кај „Sensation“ најмногу е застапена хаус музиката.Најголемата журка во белоНа официјалниот сајт можете да ги најдете сите информации за журката. Таму се нудат и специјални пакети кои вклучуваат организирање на сè што е поврзано со неа, а можете да си купите и некој моден додаток, со што ќе бидете комплетни за целосно уживање на журката во бело.Најголемата журка во белоОва е официјалното видео за „Sensation“ 2012.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Име Reply

Остави коментар