Мудри цитати од Елен Деџенерис

Комедијантката Елен Деџенерис е мудра и забавна жена, која честопати ги споделува нејзините размислувања со светот, а тие потврдуваат колку е таа неверојатно инспиративна личност. Има уникатен поглед кон животот на кој треба да се огледаат многу луѓе. Без разлика што и да се случува во вашиот живот во моментов, цитативе од Елен ќе ве инспирираат да постанете подобра личност и да го живеете животот на најдобриот можен начин.

Мудри цитати од Елен Деџенерис

 

„Повеќето комедии се базирани на исмевање на туѓа сметка. Јас мислам дека тоа е форма на насилство во голема мера. Затоа, јас сакам да бидам пример за тоа дека можеш да бидеш и смешен и љубезен и да ги засмеваш луѓето, без да повредиш нечии чувства.“

„Доколку ги уништуваме нашите дрвја и ја уништуваме нашата околина и ги повредуваме животните и се повредуваме меѓусебно, тогаш мора да постои некоја многу моќна енергија која се бори против тоа. Мислам дека ни е потребно повеќе љубов во светов. Потребно ни е повеќе љубезност, повеќе сочувство, повеќе радост, повеќе смеа. Јас дефинитивно сакам да придонесам за тоа.“

„Едноставно, приближете му се некому на улица и кажете му ‘ти си шуга’ и избегајте.“

„Понекогаш не можеш да се погледнеш себеси убаво, додека не се видиш низ очите на другите.“

„Научив да бидам сочувствителна како резултат на тоа што сум била дискриминирана. Сето лошо што ми се има случено во животот, ме научи на сочувство.“

„Токму предизвиците и пречките ни даваат длабочина и нè прават интересни. Дали се забавни додека се случуваат? Не. Но тие се она што нè прави уникатни. И ова го знам со сигурност… така мислам.“

“Додека работев како стенд ап комичар, мислев дека сум сигурна дека успех е да им се допаѓам на сите. Така станав личноста која мислев дека луѓето сакаат да бидам. Велев да кога сакав да кажам не, па дури облеков и неколку фустани.“

„Многу луѓе преферираат да живеат во драма, бидејќи така им е удобно. Така на пример некои луѓе остануваат во лош брак или лоша љубовна врска. Во суштина, полесно им е да останат, бидејќи знаат што да очекуваат секој ден, наместо да почнат вистински да живеат и да не знаат што да очекуваат.“

„Одолговлекувањето не е проблемот, туку решението. Затоа, одолговлекувајте сега, не одложувајте.“

„Единствената работа којашто ме плаши повеќе од вонземјаните, е помислата дека тие воопшто не ни постојат. Не може ние да сме најдобрата креација којашто постои. Се молам да не сме сè што постои. Доколку е така, во голема неволја сме.“

„Имам навистина ужасно памтење и кој и да ми се приближи ми вика ‘Не можам да верувам дека не се сеќаваш на мене!’, а јас си викам ‘Ох тато, извини!’“

„Јас вака гледам на работите… Ако ти се потребни двете раце за нешто што го правиш, тогаш најверојатно и твојот мозок треба да биде фокусиран на тоа.“ (коментар во врска со возењето и мобилните телефони)

„Стварно, така ме нарече? Елен ДеГенерикот? Тоа го слушам уште од четврто одделение. Во тој случај, среќна сум што сум му дала занимација.“

„Добриот видовит човек би го кренал телефонот пред да заѕвони. Секако, постои можност да нема никој на другата страна. Еднаш таа ми рече ‘На здравје’ и јас и реков ‘Не кивнав’. Ме погледна длабоко во очи и ми рече ‘Ќе кивнеш, некогаш. И по ѓаволите, таа имаше право. Два дена подоцна јас кивнав.“

„Јас сум кума (анг. godmother). Тоа е одлична работа да бидеш – кума. Таа нагалено ме нарекува господ (анг. god). Тоа е толку слатко. Јас ја научив на тоа.“

„На почетокот немало ништо. Господ рекол ‘Нека има светлина!’ и имало светлина. Сè уште немало ништо, но можело да се види многу подобро.“

„Мојата баба почна да шета по 8 километри дневно кога имаше 60 години. Таа сега има 97 и немаме поим каде по ѓаволите се наоѓа.“

„Животот е краток. Доколку не ми верувате мене, прашајте пеперутка. Нивниот просечен животен век е од 5 до 14 дена.“

„Доколку сакате да ја тестирате козметиката, зошто тоа го правите на сиротите животни кои не направиле ништо лошо? Треба да се тестира на затвореници кои се осудени за убиство или за силување. Така, наместо да шприцаат парфем во очите на зајачето за да видат дали предизвикува иритации, треба да прснат во очите на психопатот Чарлс Менсон и да го прашаат дали тоа болело.“

„Немојте да давате совет. Ќе ви се врати назад еден ден и ќе ве касне во задникот. Не прифаќајте ничиј совет. Мојот совет до вас е да бидете искрени кон себе и сè друго ќе биде во ред.“

За да не го уништиме ефектот на овој цитат од Елен за лошите претпоставки кои ние луѓето честопати ги правиме, го оставаме оригинално, на англиски јазик: “You should never assume. You know what happens when you assume. You make an ass out of you and me because that’s how it’s spelled”.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар