Моќната молитва на Антоан де Сент Егзипери: Прочитајте како овој писател му се обраќал на Бог

Во еден од најтешките периоди во неговиот живот, авторот на култната книга „Малиот принц“ напишал една моќна молитва која на малкумина им е позната. Антоан де Сент Егзипери ќе ве потсети на работите што се од најголема важност во животот и ќе ги допре вашиот ум и душа. Прочитајте ја неговата молитва која ќе ве наведе на размислување и ќе ви ги отвори очите…

Моќната молитва на Антоан де Сент Егзипери: Прочитајте како овој писател му се обраќал на Бог

Боже, не се молам за чуда и визии, само барам сила за да ги преживеам деновите. Научи ме да преземам мали чекори. Направи ме попаметен и поснаодлив за да можам да дојдам до значајни откритија и искуства во разновидните денови.

Помогни ми подобро да го користам моето време. Покажи ми како да проценувам дали е нешто важно или не. Се молам за дисциплина и умереност, не само за да го поминам мојот живот, туку и за да живеам разумно и да можам да ги набљудувам неочекуваните задоволства и достигнувања.

Чувај ме од наивното верување дека сѐ во животот треба да оди како подмачкано. Дај ми го трезвеното сознание дека самиот живот ни причинува потешкотии, неуспеси и потфрлувања за да нѐ претвори во зрели и возрасни луѓе.

Прати ми ја вистинската личност во вистинско време, која ќе има доволно храброст и љубов за да ја надополни вистината!

Знам дека многу проблеми се решаваат сами по себе, па затоа те молам да ми дадеш трпение.

Знаеш колку ни се потребни пријателствата. Направи да ги заслужам тие најубави, најтешки, најризични и најкршливи дарови на животот. Дај ми доволно фантазија за да можам да ја споделам со некого на вистинско место, во вистинско време, со зборови или тишина.

Поштеди ме од стравот од она што ми недостасува во животот. Не давај ми ги работите што ги сакам, туку работите што ми се потребни. Научи ме да преземам мали чекори!

Како што можевте и самите да забележите, големиот писател не бара материјални нешта за да биде среќен, туку има потреба од суштинските работи во животот без кои човек не би можел да биде исполнет и спокоен.

Доколку ви се допаднаа зборовите на Антоан де Сент Егзипери и ја обожавате неговата книга, прочитајте ја едноставната мудрост од непроценливо значење на Малиот Принц.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар