Декадентниот гениј со еден роман во џебот! Мачниот живот на Оскар Вајлд!

Декадентниот гениј со еден роман во џебот! Мачниот живот на Оскар Вајлд!

Злобните гласини и осудувања поради хомосексуалноста целосно ја имаат уништено неговата кариера и општествениот статус. Сепак, тој сега е еден од најсаканите и најпознатите писатели во историјата на човештвото.

Декадентниот гениј со еден роман во џебот! Мачниот живот на Оскар Вајлд!

Оскар Вајлд, ирскиот песник и драматург, бил роден во 1854 година. Покрај книжевните творби, овој викторијански автор од својата огромна слава и популарност стигнал до самото дно поради еден од најголемите скандали на 19-тиот век.

Од детството покажувал невидена интелигенција. Неговото книжевно творење вклучува есеи, песни, драми и еден роман – „Сликата на Доријан Греј“ (The Picture of Dorian Gray).

Скромноста не била негова предност. Бил склон кон уживања во разни гозби и пијанки, трошел пари и одел на забави. Имал големо почитување во општеството. Бил духовит, со младешки дух, а можел и со часови да ја забавува публиката смислувајќи брзи шеги. Меѓутоа, во сѐ претерувал.

Бил оженет со Констанца и имал два сина. На четириесетгодишна возраст јавно изјавил дека е хомосексуалец. Истата година кога го запознал седумнаесетгодишниот Роби Рос, кој потоа му бил најверен пријател и љубовник.

Сепак, негова најголема љубов бил лорд Алфред Даглас, наречен Боузи, кој бил двојно помлад од него. Меѓутоа, Боузи бил причината за пропаста на Вајлд. Таткото на Боузи, авторитетен и влијателен човек, го тужел Вајлд поради што авторот завршил во затвор.

Бил приведен на 25 мај 1895, а пуштен на 18 мај 1897 година. Иако претходно бил сакан, по затворањето целиот Лондон му го свртел грбот. Го нарекувале криминалец. Неговото семејство се преселило во Швајцарија и го смениле презимето. Оскар бил физички и емотивно истоштен.

Тажен, без пари, без да може да ги види своите деца, починал во Париз. Се претпоставува дека причина за смртта бил сифилисот кој предизвикал церебрален менингитис.

Бил погребан на гробиштата Пер Лашез. На неговата гробница има сфинга бидејќи Оскар бил фасцинирал со Египет.

Голем број обожаватели секоја година го посетуваат неговиот гроб, а неговите потомци во 2011 година издигнале стаклен ѕид околу споменикот за да го сочуваат од бакнежите на фановите.

Прочитајте ги и овие одлични цитати од Оскар Вајлд.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар