Најубавите мисли од Габриел Хозе Гарсија Маркес

Габриел Хозе Гарсија Маркес е колумбиски писател, новинар, издавач и политички активист. Тој има добиено Нобелова награда за книжевност во 1982 година. Негови најпознати дела се: „Сто години самотија“, „Есента на патријархот“, „Хроника на една најавена смрт“, „Љубов во време на колера“ и многу други. Во продолжение прочитајте дел од неговите најпознати мисли.

Најубавите мисли од Габриел Хозе Гарсија Маркес

„Никогаш не престанувајте да се смеете, дури ни кога сте тажни. Некој можеби ќе се заљуби токму во вашата насмевка.“

„Секогаш ќе има луѓе кои ќе ве повредат. Продолжете да верувате, само бидете внимателни.“

„Најлошиот начин некој да ви недостасува е да седите покрај него и да знаете дека никогаш нема да го имате.“

„Немојте да поминувате време со некој кој не сака да поминува време со вас.“

„Не плачете затоа што нешто завршило. Смејте се затоа што се случило.“

„Те сакам, не поради тоа што си, туку поради тоа што сум јас кога сум покрај тебе.“

„Немојте толку да се спротивставувате. Најдобрите работи доаѓаат тогаш кога не ги очекувате.“

„Ниедна личност не ги заслужува вашите солзи, а онаа која ги заслужува нема никогаш да ве расплаче.“

“Тајната на добрата старост не е ништо друго освен ексклузивен договор со осаменоста.”

„Вистинскиот пријател е оној кој ве држи за рака, а ви го допира срцето.“

„Мудроста ни доаѓа тогаш кога од неа повеќе немаме корист.“

Прочитајте ги и 12-те најубави цитати од руската поетеса Марина Цветаева.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар