6 симптоми кои можат да укажуваат на ментални нарушувања

6 симптоми кои можат да укажуваат на ментални нарушувања

Повеќето луѓе имаат некои мали навики или начини на однесување за кои мислиме дека се потполно нормални, но научниците велат дека овие 6 симптоми можат да бидат причини за одредени ментални нарушувања! Не треба да се загрижувате ако траат краток период, но ако се присутни повеќе од 6 месеци може да се сметаат како симптоми. Прочитајте во продолжение и дознајте дали имате некоја од овие навики.
Напомена: доколку забележите кај себе некоја од овие навики, тоа не значи нужно дека имате ментално нарушување.

1. Не можете да мокрите ако има некој во близина

Ако не можете да мокрите кога слушате гласови зад вратата или има некој со вас во тоалетот, не сте единствени, и најверојатно станува збор за состојбата позната како пареза. Таа претставува страв од мокрење и „парализа“ на мочниот меур во присуство на други луѓе. 7% од светската популација го доживеало барем еднаш, а во екстремни случаи луѓето воопшто не можат да мократ никаде освен во својот дом и тоа кога се сами. Ваквите крајности најчесто завршуваат со неопходно вградување на катетер.

2. Грицкање нокти

Онихофагијата е едно од најчестите ментални нарушувања кое се манифестира со опсесивно грицкање нокти. Околу 45% од луѓето на возраст од 10 до 18 години патат од онихофагија, а претежно во прашање се женски личности. Ова нарушување во најголем број случаи не поминува после адолесценцијата. Докази за тоа се и Бритни Спирс, Џеки Кенеди и Ева Мендез. Во најтешките случаи заноктиците и забите можат непоправливо да се уништат, а да не заборавиме и на бактериите коишто се задржуваат на ноктите и на овој начин се внесуваат во телото.

3. Силни изливи на емоции

Замислете ја следнава ситуација: Шефот ве критикува поради сериозна грешка, а вие чувствувате дека во секој момент ќе прснете од смеа. Се смирувате, се обидувате да ја сокриете смеата зад изразот „вина која се крие“, но на крајот на лицето сепак ви се појавува насмевка. Зад него доаѓаат гласини, а потоа хистерично смеење кое не можете да го контролирате. Во прашање е синдром на силен излив на емоции познат и како псевдобулбарски синдром. Во ваквите ситуации индивидуата реагира на стрес со спротивна реакција отколку што е логично, како што е смеење во тажни и сериозни ситуации. Ако личноста весело се смее на туѓите неуспеси во прашање е катагеластицизам. Во медицината се опишува како нарушување во кое личноста ужива додека ги исмејува другите.

4. Невозможност за препознавање или чувствување на некои емоции

Сигурно често сте слушале од пријателките како нивниот партнер не е доволно искрен, како никогаш не зборува за неговите искуства или е целосно „недостапен“ и изгледа дека не му е воопшто грижа како таа се чувствува. Во две третини од овие ситуации во прашање е феноменот познат како алекситимија. Станува збор за неспособност за препознавање на емоциите и вербално изразување на емоционалната состојба. Секој од нас има одреден степен на алекситимија, но во тешките случаи оваа состојба може целосно да го уништи животот на човекот. Почеста е кај мажите, а од тежок степен на алекситимија пати од 8-10% од популацијата.

5. Нетолеранција на звуци

Секој од нас го иритира некој звук – како на пример, звук на пишување со креда на табла, средување нокти со турпија, мласкање. Дали е тоа нормално или не зависи од влијанието на видот и јачината на звукот врз вашиот живот. Менталното нарушување мизофонија е состојба во која нормалните звуци предизвикуваат иритација. На пример, звуците од храната кога некој јаде, дише, кашла. За луѓето кои патат од мизофонија доволен е еден таков звук за да ги извади од такт. Во екстремни случаи луѓето толку се нервираат што се во состојба да удираат или гаѓаат некого кој ги произведува наведените звуци.

6. Нарушување во послушноста изразено преку непријателска настроеност кон некого или нешто

Луѓето кои патат од ова нарушување секогаш ги поткопуваат авторитетите на многу гласен и непријатен начин. Другите ги доживуваат како тврдоглави кавгаџии, но медицината вели дека ваквото однесување доаѓа од искуствата со многу непријатни авторитети. Ова нарушување на непослушност е многу често кај возрасните, но погодува и околу 20% од децата. Не станува збор за повремено лошо однесување, туку константа состојба која трае барем 6 месеци. Ако не се лекува ситуацијата со текот на времето драстично може да се влоши.

Дознајте кои 15 симптоми кои никогаш не смеете да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар