15 симптоми кои никогаш не смеете да ги игнорирате

15 симптоми кои никогаш не смеете да ги игнорирате

Здравјето е најнеопходно за правилно животно функционирање. Со други зборови – здравјето е живот. Без него ние не би можеле правилно и нормално да живееме. Нашето тело е доволно паметно во борбата со различни напаѓачи, и исто толку паметно за да ни сигнализира кога нешто не е во ред со нашиот организам.
Многу луѓе од недоволна информираност ги игнорираат одредените симптоми и со тоа си го загрозуваат сопственото здравје. Не дозволувајте да се најдете во таква ситуација бидејќи на тој начин ќе си го спасите животот. Никогаш не ги игнорирајте следниве 15 симптоми!

1. Притисок во вилицата

Болката во градите не се јавува секогаш кога некој доживува инфаркт. Притисокот или болката во вратот, екстремниот умор и мачнината исто така можат да бидат симптоми за инфаркт. Веднаш побарајте помош ако имате некој од овие симптоми.

2. Отечени усни

Усните што отекуваат или ве чешаат може да бидат знак на анафилакса – смртоносна алергиска реакција. Отечените усни и јазик можат да ги затворат дишните патишта и затоа одма треба да се побара помош.

3. Отежнат говор

Отежнатиот говор или „мешање“ на зборовите можат да бидат знак за мозочен удар. Други симптоми што можат да се јават се „паѓање“ на едната страна од лицето, вкочанетост на едната страна од телото или неочекувана силна главоболка.

4. Ненадеен блесок на светлина

Ако овој симптом ви се јави одеднаш, треба што побрзо да појдете на доктор. Можно е да постои оштетување на мрежницата, а доколку не се реагира навреме може да дојде до трајна загуба на видот.

5. Нокти што изгледаат „чудно“

Бледите нокти се поврзуваат со анемија, срцеви проблеми или болести на црниот дроб додека сините нијанси на ноктите можат да покажуваат дека немате доволно кислород, а тоа да укажува на проблем со срцето или белите дробови.

6. Промена на ракописот

Звучи банално, но ако ракописот ви се променил, односно ако пишувате поситно, покрупно или значајно полошо од претходно, тоа може да биде знак за невролошки проблем како Алцхајмерова или Паркинсонова болест, па дури и тумор на мозокот.

7. Болка во папокот

Проблемите со варењето или стомачниот вирус се чести проблеми, но ако болката во папокот не престанува после неколку часа, тоа може да биде знак на воспаление на слепото црево, воспаление на жолчката, опструкција на цревата или чир.

8. Кашлање во текот на ноќта

Ако постојано кашлате во текот на ноќта, а притоа не се лекувате од настинка, ако немате астма или нешто слично, ноќното кашлање може да биде ран знак на срцеви проблеми. Можно е да се собрала течност во белите дробови, а кога лежите подолг временскиот период таа предизвикува кашлање.

9. Ужасно силна главоболка

Силната главоболка којашто пациентите ја опишуваат како „најсилна што некогаш сум ја почувствувал/а“, која се јавува ненадејно може да биде знак за крвавење во мозокот, пукање на крвни садови, мозочен удар или менингитис.

10. Вкочанетост во едната рака

Чувството како некој да ве боцка со игли на едната рака кое трае подолго од 30 минути, особено ако е проследено со вртоглавица или мачнина, може да биде симптом на срцев удар.

11. Претерано потење во текот на ноќта

Освен ако не сте во менопауза, ненадејното претерано потење во ноќта не е нормално и може да биде симптом на рак на цревата, лимфома или леукемија.

12. Брзо се заситувате, а малку јадете

Губењето апетит може да биде ран знак за рак на јајниците, особено ако покрај него се јавува и надуеност, болка во карлицата или притисок, како и проблеми со мочниот меур.

13. Модрици

Во повеќето случаи модриците се целосно безопасни, но ако постојано ви излегуваат и не можете да ги поврзете со ништо, можат да бидат знак на недостаток на витамини К или Ц, но и леукемија и болест на црниот дроб.

14. Константен рапав глас

Ако тој трае подолго од 3 недели, а вообичаено гласот не ви е таков, тоа може да биде знак за гастроезофагеален рефлукс – кога киселината се враќа од стомакот до хранопроводот и го иритира грлото. Рапавиот глас може да биде и ран симптом на канцер на грлото.

15. Необјасниво губење на телесната тежина

Ако не сте направиле никаква промена во исхраната и во вежбањето, а сепак значително губите тежина, треба да одите на лекар – ова може да е симптом на повеќе здравствени проблеми вклучувајќи и некои видови рак.

Имајте на ум дека ова се само можни симптоми и не треба да бидат искористени за самите да си поставите дијагноза. Ако одредени симптоми траат подолго одошто треба тогаш задолжително е да отидете на лекар или да викнете брза помош. Запомнете ја изреката која вели – подобро е да се спречи отколку да се лечи. Навременото откривање на некоја болест спасува животи.

Дознајте кои психички симптоми можат да се појават за време на менопауза.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар