18 цитати од големиот писател Лав Толстој

18 цитати од големиот писател Лав Толстој

Толстој важи за еден од најголемите романсиери во историјата на светската литература. Неговите идеи биле толку екстремни, а погледот кон светот толку отворен, што во времето на неговата смрт се формирал круг на следбеници кои создавале колонии и го практикувале неговиот начин на живот. Во продолжение прочитајте неколку цитати од овој голем писател:

18 цитати од големиот писател Лав Толстој

„Нема Бог за оној што не знае како да го носи во себе.“

„Ако е: колку глави – толку многу умови, тогаш: колку срца – толку многу љубов.“

„Се плашиме само од она што го сакаме.“

„Тешко е да се познава Бог, но тоа не значи дека тој не постои, туку тоа е знак на неговото величество и на нашата слабост.“

„Честопати слушаме како младите велат: Не сакам да живеам со разумот на другите, сакам да размислувам сам. А, зошто да размислуваме за она што е познато. Земете го тоа што е готово и продолжете понатаму. Тоа е силата на човештвото.“

„Дајте му повеќе одмор на јазикот отколку на рацете.“

„Добрината може да одолее на сè, а самата е неодолива.“

„Зборувајте само за она што ви е јасно, инаку молчете.“

„Личната среќа не е можна надвор од општеството, исто како што животот на растението не е возможен ако се искорени од земја и се фрли на неплоден песок.“

„Луѓето се поделени во два вида: едните прво мислат, а потоа зборуваат и дејствуваат, другите прво зборуваат и дејствуваат, па дури потоа мислат.“

„Мозокот на невработениот човек е омиленото живеалиште на ѓаволот.“

„Не треба да се срамите од каква било работа, дури и од најодвратната; треба да се срамите само од празен живот.“

„Никогаш не вознемирувајте друг со тоа што можете да го направите сами.“

„Разумот не ме научи ништо; сè што знам ми даде и ми откри моето срце.“

„Задоволствата на богатите се создаваат со солзите на сиромашните.“

„Човечката злоба секогаш започнува од немоќ.“

„Повеќето мажи бараат од своите жени доблести на кои ни тие самите не се придржуваат.“

„Сите мисли што имаат големи последици се едноставни.“

Прочитајте ги највредните цитати на Гијом Мисо што секој треба да ги прочита.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар