6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природата

6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природата

Светот е богат со природни атракции кои со својата убавина се мамка за истражувачите и за туристите. Овие фасцинантни места и сцени кои буквално го одземаат здивот покажуваат колку е моќна природата.

1. Големиот корален гребен – најголем во светот

6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природата

Големиот корален гребен е најголемиот корален гребен во светот и се наоѓа во Тихиот Океан, недалеку од брегот на Квинсленд, во североисточна Австралија. Зафаќа должина од над 2.300 километри и површина од приближно 344.400 квадратни километри.

Се состои од 3.000 индивидуални гребени и вклучува стотици тропски острови. Тој е подолг од Кинескиот Ѕид и може да се види од вселената.

2. Бајкалско Езеро – најголемото и најдлабокото во светот

6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природата

Бајкалското Езеро се наоѓа во југоисточен Сибир, во азискиот дел на Русија, опкружено со планини.

Кај народот е познато како „сино сибирско око“, што има смисла, бидејќи проѕирноста на водата достигнува и до 40,2 метри, од вкупно 1.741 метар, кои беа измерени како најдлабоката точка.

Обликот на езерото е како полумесечина долга 635 километри, со вкупна должина на брегот од 2000 километри и просечна ширина од 48 километри. Бајкалското Езеро е исто така едно од најстарите езера во светот, a се претпоставува дека е старо помеѓу 20 и 30 милиони години.

Најголемата длабочина е околу 1.615 метри и во ова езеро живеат околу 1.500 животински видови, од кои 80 проценти се ендемични.

3. Нил – најдолгата река во светот

6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природата

Нил, светата река на античките Египќани, се смета за најдолга река во светот (6.397 километри). Поминува низ 11 земји (Уганда, Руанда, Бурунди, ДР Конго, Танзанија, Кенија, Етиопија, Еритреја, Јужен Судан, Судан и Египет).

Со векови е центар на интерес на научниците, на истражувачите, но и на многу туристи.

4. Ангелски Водопад – највисокиот во светот

6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природата

Ангелскиот Водопад со висина од 979 метри, со спуст од речиси еден километар, ја носи титулата највисок водопад во светот.

Ова прекрасно природно чудо се наоѓа во националниот парк „Канаима“ и е најзначајната туристичка атракција на Венецуела.

Се наоѓа на списокот на 100-те најубави места во светот. До него е многу тешко да се стигне и е опкружен со природни структури познати како тепуи.

5. Мртво Море – на најниска надморска височина

6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природата

Мртвото Море се наоѓа на 430 метри под нивото на морето и секоја година паѓа за уште еден метар.

Познато е по екстремното ниво на сол, поради што во него нема живи организми и луѓето не можат да пливаат.

6. Најдолгата плажа „Praia do Cassino“ – се наоѓа во Бразил

6-те најголеми природни чуда на светот: Погледнете ја неверојатната моќ на природата

Оваа плажа е долга околу 245 километри од Рио Гранде до границата со Уругвај и се смета за најдолгата плажа во светот.

Плажата е популарна и кај локалното население и кај туристите и нуди различни спортски активности во и околу водата.

Погледнете кои се 10-те земји каде што домаќините најмногу се грижат за чистотата на сместувањето и за здравјето на туристите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар