10 земји каде што домаќините најмногу се грижат за чистотата на сместувањето и за здравјето на туристите

Денес, чистотата им е поважна на гостите од кога и да било порано, па „Airbnb“ бара домаќините да се придржуваат до посебните мерки за хигиена. Домаќините чие сместување ги исполнува потребните услови, во своите реклами имаат посебна ознака за исклучителна чистота за да можат гостите да се чувствуваат побезбедно.

10 земји каде што домаќините најмногу се грижат за чистотата на сместувањето и за здравјето на туристите

Од мај, повеќе од еден милион домаќини ширум светот добија етикета за исклучителна чистота. Земјите со најчисто сместување се САД, Франција и Велика Британија. По нив следуваат Шпанија, Италија, Мексико, Бразил, Австралија, Канада и Грција.

Скалата за чистота е создадена според повеќе фактори, па резултатот не зависи само од коментарите на гостите и од најубавите оценки, туку и од тоа колку домаќините се обиделе да научат какви мерки треба да преземат за заштита од коронавирусот и дали ги примениле во практика.

Во упатството за ефикасно чистење, „Airbnb“ наведува совети како перење на постелнината на максимално дозволена температура, миење на сите садови во кујната, како и темелно чистење на теписите, на завесите и на креветите.

Погледнете го овој град од соништата во Северна Африка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар