Моќна порака од една мајка: Зошто не треба да ги осудувате луѓето пред да разговарате со нив?

Иако не признаваат, сите мајки се озборуваат една со друга исто толку колку што и нивните деца озборуваат на училиште. Австралиската блогерка и мајка на 4 деца, Констанс Хол, решила да им стави крај на озборувањата и објавила моќна порака на Фејсбук за да ги поттикне мајките и сите останати да размислат околу тоа како се однесуваат.

Зошто не треба да ги осудувате луѓето пред да разговарате со нив?

Сѐ започнало кога Хол забележала една модерна мајка како доаѓа да ги земе децата од училиште. Среденоста на оваа мајка ја натерала да се посомнева во својата самодоверба и набрзо почнала да ја озборува супермајката со другите мајки. Меѓутоа, соочувањето со реалноста ја инспирирало да ја сподели приказната што моментално има повеќе од 82.000 лајкови и 7.000 споделувања. Прочитајте ја нејзината објава и дознајте како оваа жена ја надминала негативноста што ја почувствувала и испратила моќна порака до сите мајки на светот…

Имаше една жена која секој ден доаѓаше да си ги земе децата од училиште. Возеше убав автомобил, главата ја држеше високо крената и секогаш имаше средена фризура. Зборуваше многу љубезно, носеше модерна и чиста облека и многу ретко ме забележуваше.

А јас ги доев моите деца, мирисав на суво млеко, косата ми беше мрсна, лицето ми беше отечено од утринските солзи, немав чевли и зборував на лош дијалект. Ми се чинеше како да е пратена на светот за да ги зајакне моите несигурности.

Па, го направив она што многу жени го прават и се обидов да започнам разговор за неа со една друга мајка, делумно затоа што бев љубопитна и делумно затоа што се надевав дека тоа ќе ми помогне да се чувствувам подобро. Но, советот на другата мајка ме натера да се соочам со реалноста.

„Разговарај со жената, не за неа.“

Еден ден решив да разговарам со неа. Седнав до неа и ја слушнав нејзината приказна.

Дознав дека е поранешна алкохоличарка и дека организира анонимни состаноци за да им помогне на другите зависни жени кои сакаат да се отрезнат. Дознав дека има проблеми со бракот, нејзините деца и здравје исто како и сите нас останати. Дознав дека таа е многу работи, но дефинитивно не е сноб.

Таа е една од најинспиративните жени што ги познавам. Испадна дека и јас делувам многу самоуверено. Испадна дека додека сум седела таму и сум си го мразела животот без да соберам храброст за да им проговорам на сите тие прекрасни мајки, тие исто така немале храброст да ми прозборат. Мислеле дека сум премногу слободна и опуштена.

Оваа мајка сега е една од моите најдобри пријателки. Заедно се жалиме за нашите сопрузи, за децата и постојано се смееме.

Сега кога децата одат во ново училиште, знам дека има многу луѓе кои имаат различно мислење за мене и за жал, многу од озборувањата стигнаа и до мене. Па затоа, би сакала да им порачам на сите мајки…

Зборувајте со жената, не за неа.

Зошто не треба да ги осудувате луѓето пред да разговарате со нив?

Нејзината објава допрела до многу мајки и ги мотивирала да коментираат и да ја споделат нивната приказна:

„Не можам да ги поднесувам ваквите работи! Јас сум многу срамежлива и кога луѓето конечно ќе поразговараат со мене, првото нешто што го велат е ’Ти си била многу фина. Воопшто не си била вообразена’… Не можам да си помогнам кога имам ладен израз на лицето и непријатно ми е да остварувам нови контакти.“

„Ни требаат повеќе вакви работи! Нашата нова најдобра пријателка можеби ќе ја најдеме со следното ’Добро утро’.“

„Само што се вратив дома откако бев на рехабилитација за зависност од алкохол и наркотици. Имам 3 деца во едно училиште и во минатото сум била многу осудувана, но има неколку мајки кои ме поддржуваат и не ме осудуваат. Ја држам главата високо крената, секој ден одам на анонимни состаноци и правам сѐ што можам за да го продолжам моето заздравување. Ќе ги носам децата и сопругот на камп за анонимни алкохоличари и едвај чекам да запознаам мајки кои се соочуваат со слични битки и проблеми. Драго ми е што прочитав приказна против осудувањата.“

„Многу ми се допадна. Само што се преселивме и децата почнаа да одат во ново училиште на место каде што не познаваме никого. Имам светло виолетова коса и тетоважи насекаде, а мојот син има аутизам, така што и двајцата сме посебни. Ми беше чудно првите неколку недели, но потоа решив едноставно да започнам разговор со некого. Сѐ уште работам на тоа…“

„Ова е многу точно. Понекогаш ги претставуваме луѓето на сосема погрешен начин. 90% од времето грешиме кога проценувам некој човек. Но, сите го правиме тоа! Би сакала да знам што мислат луѓето за мене. Но и онака не ми е гајле! На никој од нас не би требало да му биде гајле!“

„И јас би сакала луѓето да разговараа со мене, а не за мене. Јас сум многу добра личност, но од некоја непозната причина целиот мој живот непознатите луѓе кажувале негативни работи за мене. Тоа не ми пречи толку, бидејќи не ме познаваат, но одбивам да зборувам лошо за луѓето кои не ги познавам.“

Што мислите вие на оваа тема? Дали би се обиделе да го практикувате овој совет во вашиот секојдневен живот?

Прочитајте го и најдобриот совет од една мајка што некогаш сте го чуле.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар