Мало девојче се бунтува против машко-женските стереотипи

Малечката Рајли е многу паметно девојче, кое ја разбира апсурдноста на стереотипите. Вознемирено мавајќи се по главата, таа се прашува зошто сите девојчиња во продавниците за детски играчки секогаш купуваат принцези, а момчињата суперхерои. Според неа, производителите на овие играчки сакаат да ги измамат девојчињата да купуваат само розови играчки, наместо да сакаат да си играат и со машките играчки, кои ги има во повеќе бои.

Мало девојче се бунтува против машко-женските стереотипи

Таа испраќа важна порака до производителите: престанете да форсирате розови играчки за девојчињата. Тие ги сакаат и другите бои. Плус, некои девојчиња сакаат суперхерои исто колку што сакаат принцези, ако не и повеќе. Погледнете за што станува збор. :)

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар