Легендарни изуми за кои пронаоѓачите не добиле никакви заслуги

„Не ми е криво што ми ги украдоа идеите. Криво ми е што немаат свои идеи.“ – Никола Тесла

Никола Тесла имал голем број изуми што му биле украдени и од кои се збогатиле други луѓе. Но, Тесла не бил единствената жртва на крадците што си припишувале туѓи заслуги на себе. Истo како денес така и во минатото се воделе борби по судови, патентите ги пријавувале оние кои имале пари и влијание, па така многу луѓе земале заслуги за откритија што биле измислени со месеци, па дури и со години порано. Прочитајте за кои изуми станува збор…

Фотографија

Легендарни изуми за кои пронаоѓачите не добиле никакви заслуги

Заслугата му се припишува на Луј Дагер

Заслугата за појавата на првата фотографија во 1839 година му се припишува на уметникот и хемичар Луј Дагер кој до денес останал познат како татко на фотографијата. Но, историски факти докажуваат дека францускиот научник кој живеел во Бразил, Луј Флоренс, користел фотоапарат дури 6 години пред Дагер. Тој го имал и решено проблемот со фиксирање на сликите, нешто со кое Дагер се мачел со години. Флоренс неговите слики ги нарекол фотографии, но со оглед на тоа што не биле видени во Европа, не го ни привлекле вниманието на јавноста. Поради тоа, првите фотографски снимки познати како „дагеротипии“ влегле во историјата како првите фотографии, а Луј Дагер бил прогласен за првиот фотограф во светот.

Телефон

Легендарни изуми за кои пронаоѓачите не добиле никакви заслуги

Заслугата му се припишува на Александар Грејам Бел

Александар Бел бил угледен научник, пронаоѓач и инженер кому му се припишуваат заслугите за првиот практичен телефон и првата говорна порака испратена преку жица. Бел дошол до неговото откритие во 1857 година, а американскиот патент г добил во 1876 година. Три дена подоцна ја испратил „првата телефонска порака“. Но, најмалку 4 години пред Бел, Американецот со италијанско потекло, Антонио Меучи, работел на пренос на говорот по пат на електрична енергија. Тој дури и поднел барање за патентирање на изумот во 1871 година, но не можел да најде 250 долари за патентот. Меучи едноставно немал пари.

Телескоп

Легендарни изуми за кои пронаоѓачите не добиле никакви заслуги

Заслугата му се припишува на Галилео Галилеј

Никој не може со сигурност да каже кој го открил првиот телескоп, но најчесто заслугите му се припишуваат на италијанскиот математичар, физичар, пронаоѓач и астроном Галилео Галилеј, познат и како „татко на модерната астрономија“ и „татко на модерната физика“. Сепак, историчарите се согласуваат дека телескопот прв го открил Ханс Липершеј, оптичар од Мидлбург во Холандија. Тој поднел барање за патент во Холандија во 1608 година, но бил одбиен бидејќи „производот бил премногу едноставен за составување и не можел да се смета за изум“.

Кога стигнала веста до Италија дека Липершеј се упатил накај Венеција за да ги продаде телескопите, Галилео брзо направил сопствен телескоп и тврдел дека со негова помош луѓето ќе можат да ги видат непријателските бродови навреме и така си обезбедил пари и свое место во историјата. Сепак, Галилео бил првиот што го насочил телескопот кон небото.

Првиот лет (првиот авион)

Легендарни изуми за кои пронаоѓачите не добиле никакви заслуги

Заслугата им се припишува на браќата Рајт

Орвил и Вилбур Рајт, попознати како браќата Рајт, ја добиле заслугата за откривањето на првиот авион, како и за првиот успешно контролиран лет. Вистината е сепак малку поинаква. Во март 1902 година, Ричард Пирс, фармер и пронаоѓач од Нов Зеланд, летал со неговиот авион околу 320 метра пред да се удри во жива ограда. Овој не толку познат експеримент направен неколку месеци пред славниот лет на браќата Рајт. Пирс не сакал публицитет, па затоа никогаш се борел за да добие заслуга, а не ни имал средства за да го усоврши својот изум.

Сијалица

Легендарни изуми за кои пронаоѓачите не добиле никакви заслуги

Заслугата му се припишува на Томас Едисон

Кога ќе се постави прашањето „Кој ја измислил првата сијалица?“, повеќето луѓе без размислување ќе одговорат дека се работи за Томас Едисон. Меѓутоа, тој само работел на веќе постоечки изуми измислени и обликувани од страна на други пронаоѓачи. Сепак, вистина е дека верзијата на Едисон била најефикасна. Но, ни таа верзија не била само негова. Уште во раните 1800-ти години, пронаоѓачите се обидувале да најдат начин да ја претворат електричната енергија во светлина. Сер Хамфри Дејви, англиски лекар, успешно направил сијалица уште во 1801 година, но за жал никогаш не успеал да создаде светлина која ќе трае повеќе од неколку минути.

Хирам Максим, пронаоѓачот кому се припишува откривањето на првиот пренослив митралез, стапиците за глувци и пеглите за коса, бил првиот човек кој успеал да ја реши главната мана на сијалиците, односно прегорувањето. Но, неговото решение било многу скапо. Едисон бил првиот кој успеал да направи евтина сијалица која не влече голем напон и не прегорува веднаш. Тој го патентирал изумот, но кога почнал да се шири на британскиот пазар, Џозеф Свон го забележал тоа и го исплатил Едисон.

Кога започнало комерцијалното производство на сијалиците на Едисон кои можеле да светат подолго од 40 часа, на секоја од нив пишувало „Едисон“, па така сијалиците се изум кои и ден денес се поврзуваат со името на Томас Едисон.

Погледнете ги 25-те најшокантни откритија од изминатата година.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар